Дебарските земјоделци не можат да ги навoднуваат посевите поради украдени пумпи со кои се влече водата од Дебарското Езеро
Поради големите оштетувања на системот за наводнување на Дебарското Поле пред неколку години, причинето од кражбите извршени врз станицата на пумпите од кои се влече водата од Дебарското Езеро, дебарските земјоделци трпат големи штети. Водата не пристигнува до земјоделските површини поради што голем број на планираните земјоделски површини остануваат незасадени со планираните посеви.
Неработењето на системот за наводнување е клучен проблем во нерентабилното работење на дебарските земјоделци, вели началникот на локалната единица на Министерството за земјоделие во Дебар, Вејсел Дука.
„Оваа е четврта година од нефункционирањето на системот за наводнување на Дебарското Поле. Системот не функционира воопшто и тој е деградиран. До пред 4 години, полето се наводнуваше и беше зелено. Сега се засадуваат само некои житни култури, но не сите, а нема засеани ниту градинарски и други земјоделски култури“, подвлекува Дука.
Според него, направени се сите обиди да се санира системот за наводнување, но засега нема средства за негова санација. Тој објаснува дека министерствата за земјоделие на Република Македонија и Република Албанија веќе имаат идеен проект за долгорочно решавање на проблемот со наводнување на полето на двете страни од границата. Се планира да се обезбеди вода за Дебарското Поле, но и за Клобучишко Поле во Албанија, преку користење на дел на водите на Радика.
„Пред две години, министерствата за земјоделие на Македонија и Албанија воспоставија соработка во еден идеен проект за изградба на огромен систем за наводнување кој би користел вода по гравитационен пат, како едно подолго решение“, вели Дука.
Тој додава дека ги продолжуваат напорите за санација на овој локален систем за наводнување.
„Локалната власт и ние како единица на министерството за земјоделие имаме еден пороект за санација. Се тврди дека потребни се околу 400 илјади евра за реконструкција на системот.“
Инаку проценките на земјоделските експерти велат дека секоја година, поради неработењето на системот, дебарските земјоделци имаат штети од по неколку милиони денари. Системот за наводнување на Дебарското Поле е изграден во седумдесетите години, по изградбата на Дебарското Езеро, кое потопи големи обработливи земјоделски површини во месноста Удово. Со системот се наводнуваат околу 1000 хектари земјоделско земиште во Дебарското Поле.