Македонците и Албанците имаат различен поглед на случувањата од 12 август 1912. Албанците го слават овој датум како свој "Илинден".
Кога е денот на ослободувањето на Скопје?!
За Македонците – партизаните го ослободиле Скопје на 13 ноември 1944. Албанците, пак, велат дека тие прв пат го ослободиле Скопје од Отоманската империја на 12 август 1912 година.
По тој повод в четврток ќе се организира прослава на ослободувањето на Скопје пред споменикот на Скендер-бег во Старата скопска чаршија. Организатори на манифестацијата се партијата Национално демократска унија на Хисни Шаќири, градоначалникот на Чаир, Изет Меџити и невладината организација „Реалитети“.
Значаен датум или политичка манипулација со историјата?!
Историчарите-Македонци и Албанци имаат различен поглед на случувањата од 12 август 1912.
Професор Тодор Чепреганов вели дека тврдењето дека Албанците го ослободиле Скопје од Отоманското царство се груба манипулација со фактите.
„Тоа е чиста политизација, зошто ако беше така, зошто досега не го празнуваат, туку сега се сетија да го празнуваат. Изгледа времето е многу политизирано па ајде се се` политизира.“
Од друга страна, историчарот Музафер Бислими вели дека тоа е многу значаен датум. Востаничката власт функционирала во Скопје 10 дена, а влегувањето на Албанците во Скопје ја забрзало Првата балканска војна, вели тој.
„Немало институционално празнување, туку се славело од Друштвото на историчарите Албанци, од невладините организации, меѓутоа организирано се слави последните години, а од Друштвото на историчарите се слави одамна.“
Чепреганов вели дека не може да стане збор за никакво ослободување на Скопје затоа што немало борби. Албанците дошле од Косово во Скопје, кое тогаш било главен град на косовскиот вилает за да им предадат листа на барања на турските власти, посочува тој.
Бислими, пак, вели дека во тоа време во целиот косовски вилает имало востание, а во Скопје немало борби зашто Турците не пружале отпор.
„Фактички се предале без борба, така што не може да се каже дека во тоа време две-три групи востаници. Во Скопје влегуваат околу 50 илјади албански востаници.“
Чепреганов, пак, вели дека тоа е нон-сенс.
„Знаете што значи 50 илјади да влезат од Косово, а Скопје во тоа време има 10 илјади жители. Британскиот амбасадор, имаме некои документи, кои кажуваат дека во тоа време пристигнуваат околу 500-600 Албанци во Скопје и тоа доаѓаат со воз. Како може востаниците слободно да си доаѓаат со воз и слободно да си се шетаат по Скопје.“
Покровител на манифестацијата по повод „ослободувањето на Скопје“ е општина Чаир. Тие не соопштуваат колку пари ќе бидат потрошени за концертот и за свечената академија што ќе се одржи во Албанскиот театар.

Тоа е чиста политизација, зошто ако беше така зошто досега не го празнуваат, туку сега се сетија да го празнуваат. Изгледа времето е многу политизирано па ајде се се` политизира.
Историчарите-Македонци и Албанци имаат различен поглед на случувањата од 12 август 1912.
Професор Тодор Чепреганов вели дека тврдењето дека Албанците го ослободиле Скопје од Отоманското царство се груба манипулација со фактите.
„Тоа е чиста политизација, зошто ако беше така, зошто досега не го празнуваат, туку сега се сетија да го празнуваат. Изгледа времето е многу политизирано па ајде се се` политизира.“
Од друга страна, историчарот Музафер Бислими вели дека тоа е многу значаен датум. Востаничката власт функционирала во Скопје 10 дена, а влегувањето на Албанците во Скопје ја забрзало Првата балканска војна, вели тој.
„Немало институционално празнување, туку се славело од Друштвото на историчарите Албанци, од невладините организации, меѓутоа организирано се слави последните години, а од Друштвото на историчарите се слави одамна.“
Имаме некои документи кои кажуваат дека во тоа време пристигнуваат околу 500-600 Албанци стигнуваат во Скопје и тоа доаѓаат со воз. Како може востаниците слободно да си
се шетаат.