Политичката волја за независно судство е поважна отколку парите, велат експерите, по најавата на владата за зголемување на финансиите за судството.
Двојно повеќе средства до 2014 може да очекува македонското судство, најави премиерот со образложение дека на тој начин ќе се зголемат ресурсите, кадрите и опремата и ќе се придонесе за независно и ефикасно судство. Тоа дали ефектите од ваквиот потег ќе бидат правопропорционални со одлуката бара многу посериозна анализа, велат експертите, со оглед на долгогодишната позната состојба со македонското судство. Пари секогаш требаат, но на кој начин ќе се издвојуваат и каква политика стои зад тоа во наши услови се чини позначајно.
„Потребна е потемелна стратегија за која што однапред ќе има обезбедено пари за да знае судството како може да се развива. Мислам дека ова е една лоша политика која води кон тоа да го потврди мислењето кое што владее во Македонија, дека кај нас не постои издвоедност на властите и дека судството е под многу големо влијание и контрола на извршната власт“, вели професорката Слаѓана Тасева.
Од друга страна, во наши услови, многу позначајно од издвоените средства е политичката волја да се обезбеди таа независност, додава поранешната судијка на Европскиот суд за човекови права,Маргарита Цаца Николовска. Во таа смисла, битна анализа за најавата за зголемување на буџетот за судството, како што вели, е за што тие средства ќе бидат наменети.
„Доколку се обезбеди прво политичката волја за независно и непристрасно судство, во тој случај, заедно со зголемените буџетски средства секако дека може да се очекува напредок. Меѓутоа, таму каде што целосно е партизирано судството, давањето на пари може само таа партизација уште повеќе да ја зголеми.“
Компјутери и згради без политичка волја не значат ништо, додава Николовска.
Освен тоа, буџетот треба да зависи од потребите на судството во согласност со веќе постоечката стратегија, а не од добрата волја или од моменталното расположение на извршната власт, посочува професрката Тасева. Средствата за ваквата намена би требало да се издвојат од буџетот на почетокот на годината или од ребалансот за да може да се обезбеди извесност преку независниот судски буџет во кој мора однапред да биде испланирано секое финасирање. Во моментов, за срествата што се издвојуваат за судството се 0,43 отсто од бруто домашниот производ. Намерата на владата ккао штио образложи премиерот е тие средтва постепено до 2014 да стигнат до 0,8 насто.
Потребна е потемелна стратегија за која што однапред ќе има обезбедено пари за да знае судството како може да
се развива.
„Потребна е потемелна стратегија за која што однапред ќе има обезбедено пари за да знае судството како може да се развива. Мислам дека ова е една лоша политика која води кон тоа да го потврди мислењето кое што владее во Македонија, дека кај нас не постои издвоедност на властите и дека судството е под многу големо влијание и контрола на извршната власт“, вели професорката Слаѓана Тасева.
Од друга страна, во наши услови, многу позначајно од издвоените средства е политичката волја да се обезбеди таа независност, додава поранешната судијка на Европскиот суд за човекови права,
Доколку се обезбеди прво политичката воља за независно и непристрасно судство во тој случај заедно со зголемените буџетски средства секако дека може да се очекува напредок. Меѓутоа таму каде што целосно е партизирано судството, давањето на пари може само таа партизација уште повеќе да ја зголеми.