Загубарите неатрактивни за инвеститорите

Фирмите – загубари се неатрактивни за потенцијални инвеститори поради тоа што со понудата на опрема и кадар на потенцијалниот купувач му следат и долгови, сметаат експертите.
Од Министерството за економија го продоложија крајниот рок за продажба на „ЕМО“ Охрид, Еурокомпозит и прилепски Тутунски комбинат. Официјалоното објаснување за новиот рок се летните одмори, а во меѓувреме се јавиле заинтересирани инвеститори од Турција, Египет и Швајцарија. Сепак, продажбата на овие три компании, заедно со најголемиот индустриски комплекс за хемиски
Очигледно никој не сака да ги купи дури ни за ниска цена, од едноставна причина што купувајќи ги овие фирми ќе купи и долгови од 10 милиони евра кои тешко ќе ги отплати.
материјали „Охис“ се проблематизира веќе неколку години. Екс-министерот за финансии, а сегашен универзитетски професор Никола Поповски вели дека задолженоста на овие државни фирми е меѓу првите причини за слабите понуди.

„Државата сака да ги продаде нив, сака да ги продаде на некој партнер кој ќе го рестартира производството, затоа што сепак таму технологија и знаење постои, но очигледно никој не сака да ги купи дури ни за ниска цена, од едноставна причина што купувајќи ги овие фирми ќе купи и долгови од 10 милиони евра кои тешко ќе ги отплати.“

Поповски додава дека Владата треба да вложи дополнителни напори за да ги продаде овие компании.

Таа влада мора да се ослободи од нив, затоа што има голем број на ,,врзани“ работници во тие фирми, а не добиваат пари, терет се на државата, и од тие причини, а нормално секоја влада сака да си ефектуира одреден приход на база
на тоа.
Илустрација: Фабрика

„Зошто владата не успешно ги продава веќе четири години, навистина незнам меѓутоа очигледно дека треба повеќе напор да се вложи, а исто така треба да се запраша и што направи таа во овие четири години, зошто менаџментот што го постави да ги доведе фирмите во ситуација за приватизација.“

Загубарите се товар на државата, смета професорот Тихомир Јовановски:

„Таа влада мора да се ослободи од нив, затоа што има голем број на ,,врзани“ работници во тие фирми, а не добиваат пари, терет се на државата, и од тие причини, а нормално секоја влада сака да си ефектуира одреден приход на база на тоа.“

Дополнителен проблем претставува и тоа што во Македонија нема многу странски директни инвестиции, вели Јовановски. Тој додава дека до сега, повеќето странски инвестиции се сведуваат на превземање на сопственичкиот капитал со купување на акции.

„Појдувајќи од таму дека многу тешко доаѓаат странски извозници на капитал во Макеоднија кога станува збор за директни инвестиции, затоа што овдека досега сите претпријатија што се продавани, банки итн, не се директни инвестиции, тоа се само промена на сопственикот на капиталот.“

Инаку, четирите загубари се последните фирми во државна сопственост, од вкупно 40 претпријатија - загубари од периодот од пред транзицијата. На овој тендер, три фирми од загубарската четворка се нудат со исчистени долгови кон државата. Сепак, за сега не се знае колку овие фирми им должат на други депоненти.