Пратениците расправаат за интерпелецијата за министерката Гордана Јанкуловска поднесена од опозицијата поради собранискиот иницидент на 1 јули.
На денешната седница на Собарнието пратениците расправаат за интерпелација за работата на министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, која ја поднесоа опозициските СДСМ и НСДП. Според нив причината е инцидентот што се случи во Собранието на 1 јули годинава. СДСМ ја обвинува Јанкуловска дека спротивно на законот за собрание испратила вооружени луѓе во цивилка во законодавниот дом. Тие и` забележуваат и за писмата до парламентот во кои ги навредувала, дискфалификувала и осудувала пратеничките групи на опозицијата, како и тоа што се ставила во позиција на суд да ги прогласи за виновни. Сето тоа заедно со едно однесување, кое всушност е фундаментот на оваа партиско-политичка држава, која ја создава ВМРО и синоним е Јанкуловска кај опозицијата ја наметна потребата од поднесување на интерпелација, вели Андреј Петров од СДСМ.
,,Ако на тоа се додаде и она што го имавме како непосредно случување со случајот со фармерот од Битола и случајот со РЕК Битола, со дијаметрално спротивен начин на однесување кога се работи за припадник на народот од една страна, а од друга страна припадници на власта, покажува дека иницијативата не само што е оправдана туку таа е најмалку што во овој момент може да се направи.“
Пратеникот на ВМРО, Зоран Петрески вели дека денешната интерпелација преставува второ полувреме од обидот на СДСМ да го прикрие инцидентот во кој нивните претеници нападнаа службено лице на МВР.
,,Практично повеќе од јасно е и на претходната интерпелација која се оддржа неодамна дека за министерката Јанкуловска, се покажа дека таа не само што не дала никаков повод да се покрене интерпелација против неа, туку напротив со своето работење покажува дека е една од најдобрите министри во оваа власт.“
Интерпелацијата опозицијата ја користи за своја промоција, а владата од неа пак може да види какво јавно мислење има за некој нејзин функционер, вели политикологот Хисен Рамадани.
,,Тука има и една и друга страна. Едната страна сака низ тоа да промовира одредени свои забелешки во врска со работата на владата, а другата страна исто така бранејќи се сака да ја правда својата политика, а и да изврши проценка на поширокото јавно мнение.“
Според собранискиот Деловник, претресот по интерпелацијата трае најмногу еден работен ден.
Тука има и една и друга страна. Едната страна сака низ тоа да промовира одредени свои забелешки во врска со работата на владата, а другата страна исто така бранејќи се сака да ја правда својата политика, а и да изврши проценка на поширокото јавно мнение