20 проценти од жителите на Битола нередовно ги плаќаат сметките за комуналии
Над 4 милиони евра им должат битолчани на локалните јавни претпријатија за комуналните услуги. Иако процентот на наплата во трите фирми Комуналец, Водовод и Нискоградба е висок и се движи околу 80 проценти, сепак останатите 20 отсто од сметките тешко се наплаќаат. Се испраќаат опомени, тужби, а понекогаш и извршители. Граѓаните се жалат дека давачките постојано растат, а платите не стигаат да ги покријат.
„За да се платат месечните сметки човек треба да зема три пати поголема плата од она што во просек се зема во Битола. Така, јас земам 9000 денари плата и тие пари не ми стигаат само за сметките да ги платам за струја, вода, а не пак да јадам, пијам, облекувам или да одам на одмор. Е, така дојде времето. Во Битола особено е тешко зашто поскапеа сметките за комуналии. Вода лани плаќав 400 денари, а сега 1000 денари. И струја и се е поскапено.“
„Па нема шанси, просекот што го земаме за плата ние, овој стандард што го живееме, платите се ненормално ниски. Не може да се покрие дел од сметките, а не пак сите сметки.“
„Во ова денешно време навистина е тешко да се излезе на крај со плаќањето сметки зашто не во секое семејство велегуваат доволно пари, тешко се излегува на крај.“
„Социјален случај сме, а сметки само доаѓаат, тужби, опомени, од каде да најдеме пари“, коментираат битолчани.
Битолчани 2,5 милиони евра му долажат на Комуналец, претпријатие задолжено за градската хигиена. Околу 22 отсто од сметките за ѓубретарина тешко се наплаќаат. Од фирмата велат дека станува збор за социјална категорија на луѓе, без никакви примања и имот, па и со тужби не постојат механизми за наплата. И од Водовод се жалат дека 15 отсто од сметките за вода заради социјалната структура на неплаќачите, никогаш нема да ги наплатат. Инаку годинава водата е поскапа за 117 проценти во споредба со лани. Нискоградба, пак, задолжена за одржување на канализациската мрежа, има околу 800 илјади евра долг од граѓаните. Од таму велат дека имаат нереализирани тужби од 2000 година и очекуваат со присилна наплата да покријат дел од долгот.