Достапни линкови

Хајд парк - Ваши коментари


Како со ниски примања да се платат сметките?
Како со ниски примања да се платат сметките?

Колку стравот од извршителите ќе ги натера граѓаните да ги плаќаат редовно сметките и покрај ниските примања? Прочитајте како на оваа тема изминатава недела коментираа слушателите на нашата веб адреса.

Иако во Хајд паркот на Радио Слободна Европа имаме ново прашање, како за почеток, една порака од нашиот редовен слушател којшто се потпишува со С и дупло В, што ми го привлече вниманието, а е реакција на последната средба на премиерите Груевски и Папандреу во Брисел, но сепак е поврзана со новата тема за вас. „Ќе му ги истегнат ушите како на м… и ќе му кажат да ја научи лекцијата, како во ЕУ и во НАТО“, пишува во пораката. Кога ќе се врати назад, бидејќи нема да има што да каже, ќе ја обвини опозицијата и, во наводници, ’предавникот‘ Бранко Црвенковски и тој ќе биде чист во очите на неговите истомисленици“. На овој пишувач на пораки му било се' едно како ќе сме се викале, само, вели, да има работа, пари за леб и да можат да се платат сметките на државата, а не да се плашиме од ’специјалната полиција на Маневски – нотарите и извршителите‘. Власта и Груевски треба да знаат едно, порачува С и дупло В, и тоа со крупни букви: НЕМА ПАТРИОТИ СО ПРАЗЕН СТОМАК. За идеали умираат само будали, завршува нашиот слушател со познатите стихови од песната на Бора Чорба.

Да се вратиме на читањето на пораките за темата, дали заканата со извршители кои ќе ги наплатуваат долговите на граѓаните ќе не' натера поредовно да си ги плаќаме сметките за струја, парно, вода… Еден слушател, свесен за граѓанската обврска, пишува дека и во времето на крал Артур се плаќал данок. Исто како и во турско - десетокот. Ама кај овие, гавазиве, пишува анонимниот слушател, се плаќа 60%. И потоа вели, се саморекламира и држи патриотски предавања, мислејќи веројатно, на премиерот. Абе ај, се напунија џебовите, резигнирано завршува слушателот, кој, веројатно, реагира на многуте информации кои ’протечуваат‘, преку медиумите, за раширената појава на полнење на личните џебови на некои учесници во власта, чест на исклучоците, се разбира.

Дали извршителите ќе ја зeмаат и душата?
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:45 0:00


Кликнете тука, ако сакате да коментирате, колку извршителите ќе допринесат за поредовно плаќање на сметките.

Слушателот С и дупло В, очигледно многу ревносен во пишувањето, го цитира Законот за облигациони односи кој кажува кои обврски застаруваат за наплата по една година, но имајќи предвид, пишува натаму, кој е министер за правда, а и со високиот надомест како награда за извршителите, во оваа сиромашна Македонија, најпросто кажано, ќе стане касапница од земање пари од граѓаните. Пораката, сепак, завршува со повик до граѓаните да си ги плаќаат сметките кон државата, затоа што тоа е обврска и никој ништо не дава без пари.

И за крај пораката од некој Перо, веројатно инспирирана од 70-минутниот говор на премиерот на прославата на 20-годишнината на ВМРО-ДПМНЕ: Вели, овој е бетер од Фидел Кастро (јас потсетувам: познат по своите долги говори), го надмина и него во минутажа за говор!
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG