Од воздух Скопје изгледаше како да доживеало бомбардирање. Вака репортерот на Њујорк Тајмс го опиша разрушениот град во 1963.
Од воздух Скопје изгледаше како да доживеало бомбардирање, дупки зјаеја на местото на покривите, магла од прашина настаната од цигли и малтер го обви градот. Ова е дел од новинарскиот извештај на Дејвид Бајндер од Њујорк Тајмс кој е првиот странски новинар што пристигнал во Скопје, утрото по земјотресот на 26 јули 1963-тата година. Во своите извештаи тој вели дека по настанатата паника по земјотресот набрзо во градот завладеала неверојатната тишина и привидна одважност на луѓето кои се движеле меѓу урнатите згради да бараат преживеани. Пред речиси половина век, околу 1000 луѓе загинаа, а речиси 150.000 останаа без покрив над главата поради катастрофалниот земјотрес. Во разурнатиот град, скопјани ноќта ја поминаа на отворено небо. Сеќавањата на преживеаните скопјани, кои на 26 јули пред 47 години се разбудиле во страшна глетка, се уште се свежи и ги потсетуваат на едно време кое за нив никогаш нема да стане далечно.
„Еден ужас, страв меѓу луѓето.“
„Кога стресе, јас побегнав надвор.“
На ѕидините на срушената стара железничка станица се испишани зборовите на тогашниот југословенски претседател Јосип Броз Тито: „Скопје повторно ќе се изгради и ќе биде гордост и симбол на светската солидарност“.
Речиси половина век подоцна, во Скопје повторно забрзано се гради, градските власти се обидуваат да го вратат стариот дух на градот. Граѓаните велат дека по земјотресот, Скопје доби втора шанса да се изгради како светска метрополоа.
„Да не се крадеше, Скопје денеска ќе беше голема метропола, со метро, со тролејбус, со трамвај. Со сите нишани.“
„Скопје пред земјотресот имаше душа, со ова урбанистичко решение сега, архитектите сепак направиле нешто да биде.“
Скопскиот хроничар Данило Коцески вели дека во некои сегменти градот стана модерен, но не ги исполни сите очекувања на архитектите, особено во функционалноста и инфраструктурата.
„700, па можеби и повеќе од 700 илјади има денес Скопје, додека во плановите на урбанистите тој не требаше да расте со таква брзина. Што значи, ако од една страна ние сме задоволни со некои решенија на Скопје, од друга страна, во иднина сигурно ќе треба да се направи уште многу.“
Руските згради, шведските и финските бараки, поликлиника Букурешт се само дел од донациите со кои светските земји им помогнаа на скопјани да започнат нов живот. Но проблем е тоа што токму тие маала речиси и не се возобновуваа вели Коцевски.