Иако Македонија и градот Скопје се подрачја подложни на земјотреси, сепак новите градби кои изникнаа од 1990 година досега, не беа контролирани од аспект на нивната издржливост. Новиот закон кој се донесе неодамна повторно ги обврзува инвеститорите и проектантите пред добивањето на градежната дозвола своите програми да ги поднесуваат и до Институтот за сеизмологија и земјотресно инжењерство. Токму затоа, вели директорот на Институтот Михаил Гаревски, тие не може да гарантираат за она што е изградено во последниве 15 годнини, но како што додава се надева дека по катастрофалниот земјотрес во 1963 година во кој Скопје беше разрушено, проектантите внимавале на безбедноста на објектите:
„Јас сега можам да забележам дека навистина многу често се случува, проектантите да прават некои грешки на кои ние укажуваме. Можеби тие не се фатални за самата зграда, но има грешки, така да можно е како резултат на оваа масовна градба и евентуално не спроведување на објектот, да има и лоши објекти.“
Но, статичарот Андреј Таневски отвара друг проблем. Тој вели дека и доколку проектот е исправно однесен и заверен во надлежните инстутуции, сепак она што ќе се случи на терен односно при градењето може да биде многу различно од одобрениот план:
„Од искуство, јас досега не сум видел објект како што е испроектиран, така и да е направен. Така да, промените, воопшто документирањето на промените, документирањето на проектот, неговото проверување дали е направено точно како што е проектот, тоа според мое искуство е во многу, многу лоша состојба кај нас.“
објаснува Таневски.
Надлежни за вршење контрола на градбите на терен се градежните инспектори. Со децентрализацијата тие се вработени во општините. Милан Пижула градежен инспектор во општина Центар тврди дека тие постојано се на терен и дека ги контролираат градбите, а доколку некој инвеститор не се придржувал до одобрениот проект како последен филтер по завршувањето на проектот може и да не помине на техничкиот прием:
„Ние вршиме технички надзор и го пратиме објектот до завршување на градбата. Има на пример, доста градби поради почвата, односно опасноста од одронување на земјиштето, бидејќи е сеизмичко земјиште, тогаш носиме решение за стопирање на објектот, до отстранување на тие недостатоци.“
вели Пижула.