Неусогласеност за деловникот

Собрание на РМ

Власта и опозицијата се уште не можат да се договорат околу деловникот, што испраќа негативен сигнал за недостаток од политички дијалог.
За сега нема сигнали кои што упатуваат на тоа дека власта и опозицијата ќе ги изгладат и последните разики околу деловникот за да може да продолжи 115-та седница на Собранието на чиј дневен ред е деловникот. Еден ден пред одржувањето на Советот за стабилизација и асоцијациј,а ваквиот исход од собраниската работа испраќа порака за неусогласеност и неможност на Собранието да обезбеди политички дијалог. ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека последното барање на опозицијата, да се формира комисија која ќе го контролира трошењето народни пари, нема никаква врска со деловникот и дека сите понатамошни чекори се во рацете на опозицијата.

„Надежта не не напушта, ќе сториме се да се усогласиме меѓутоа тоа ќе зависи прво од тоа дали опозицијата ќе дојде на координацијата и второ дали ќе го прифатат деловникот во кој се вградени сите забелешки на опозицијата,“
Надежта не не напушта, ќе сториме се да се усогласиме меѓутоа тоа ќе зависи прво од тоа дали опозицијата ќе дојде на координацијата и второ дали ќе го прифатат деловникот во кој се вградени сите забелешки на опозицијата.
изјави Илија Китановки од ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ одлучи да застане во заштита на криминалнотот трошење на народните пари од страна на избраните функционери изјавија од оваа парија при напуштањето на седницата. Дури и да се гласа за деловникот во пет минути до дванаесет тешко дека тоа ќе ја подобри оценката за политичкиот дијалог во овогодинешниот извештај на ЕК“, вели Тахир Хани од ДУИ.

„Сите сме одговорни со самата политика што ја водиме во земјава, така што ако добиме негативен извештај од ЕК заради деловникот, сите ќе бидеме виновни за тоа“, додава Хани.

Роза Топузова Каровска од ЛДП се надева дека најголемите партии од власта и опозицијата ќе се издигнат над партиските интереси и дека ќе постигнат договор. Одоговорноста ја лоцира кај двете најголеми партии но како што вели пред се кај парламентарното мнозинтво.


„Не требаше да се чека две години за да се пристапи кон измени на деловникот“, смета Каревска.

Дипломатсдки извори од Европската унија велат дека без одглед на коментарите што ќе произлезат од советот за стабилизација и асоцијација, главното мислење за политичкиот дијалог ќе произлезе од есенскиот извепштај на ЕК. Сепак, како што додаваат, неусогласувањето на партиите ќе испрати порака за немање полиитчки консензус и неможност на собранието да обезбеди политички дијалог.