Како резултат на континуирано лошата економска ситуација македонските работници примаат најмали плати во регионот.
Ако нема доволна стапка на стопански раст, нема вработувања и се отпуштаат работници, ако нема зголемување на извозот и има намалувања на увозот не може да се очекува ништо друго освен да имаме најмали плати во регионот, велат економистите. Според професорот Тихомир Јовановски, незголемувањето на платите е резултат на неадекватна економска динамика:
„Тоа значи дека ние сме во една длабока рецесија, да не речам длабока економска криза каде што државата преживува по пат на се поголема внатрешно и надворешно задолжување.“
Постои опасност тоа преживување да се намалува поради недостаток на пари во стопанството и кај населението и заради се поголемо испумпување на финансиски срества од државата за буџетот, посочува Јовановски. Цената на трудот зависи од понудата и побарувачката, а Македонија има 30 проценти стака на невработеност и затоа не е изненадување што има најниски плати, коментира Мирче Чекреџи од ССМ:
„Има и други фактори како конкурентноста на нашето стопанство, технолошката разивеност итн, е на тоа ниво што ние за да бидеме конкурентни на светскиот пазар мора да ги намалуваме трошоците на производството. Една од главните ставки во трошоците на производство кога имате технолошки неразвиено општество е работната сила и тоа е исто фактор кој допринесува да се намали цената на трудот.“
И во Сојузот на Синдикати не се задоволни од платите што нашите работници го земаат генерално. Но, поаѓајки од ситуацијата во која се наоѓаме нивна интенција е да се земаат редовно и да се утврди минимална сума, за да не може некои работници да примаат плати кои не се плати:
„Проблемите што ги имаме во стопанството, во државата на економски план, влијаат на висината на платите и затоа ние како Синдикат бараме да имаме утврдување на минимална плата да се знае дека работникот неможе да работи за 4000 денари, мора да има нешто што обезбедува барем минимум за егзистенција“, вели Лилјана Јанкуловска од ССМ.
Според Државниот завод за статисика, просечната исплатена нето плата во април изнесувала 333 евра. Од некогашна Југославија најдобри се Словенците со 967 евра. Зад нив се Хрватите со 729 евра. Црногорците земаат 473 евра, а Србите 448 евра. Пред нас, со најниска просечна плата се жителите на Босна и Херцеговина. Нивниот завод за статистика регистрирал дека изнесува 408 евра. Статистиката изминативе години покажува дека платите на Македонците биле најниски и во време во поранешна Југославија. Тогаш Србите и Босанците имале драстично повисок стандард од македонскиот.
Тоа значи дека ние сме во една длабока рецесија, да не речам длабока економска криза каде што државата преживува по пат на се поголема внатрешно и надворешно задолжување.
„Тоа значи дека ние сме во една длабока рецесија, да не речам длабока економска криза каде што државата преживува по пат на се поголема внатрешно и надворешно задолжување.“
Постои опасност тоа преживување да се намалува поради недостаток на пари во стопанството и кај населението и заради се поголемо испумпување на финансиски срества од државата за буџетот, посочува Јовановски. Цената на трудот зависи од понудата и побарувачката, а Македонија има 30 проценти стака на невработеност и затоа не е изненадување што има најниски плати, коментира Мирче Чекреџи од ССМ:
„Има и други фактори како конкурентноста на нашето стопанство, технолошката разивеност итн, е на тоа ниво што ние за да бидеме
Eдна од главните ставки во трошоците на производство кога имате технолошки неразвиено општество е работната сила и тоа е исто фактор кој допринесува да се намали цената
на трудот.