Достапни линкови

Ребалансот на буџетот, популистички?


Пари и кредитни картички
Пари и кредитни картички

Ребалансот на буџетот за опозицијата е популистички, додека според власта тој одговара на моменталната ситуација.

За опозицијата популистички, а за власта соодветен на условите. Пратениците со различни впечатоци за текот на дискусијата за предложеното кратење пари од државната каса. Марјанчо Николов од опозициската СДСМ вели дека голем дел од амандманите на опозицијата не биле прифатени.
Мислам дека е во насока на популизам, а не во насока на соочување на последиците од кризата и создавање поволности за развој на македонската
економија.


Пратениците од опозицијата и од власта со различни гледања на предложениот ребаланс на буџетот
„Па за жал не беа прифатени ниту забелешките, ниту амандаманите на опозицијата. Од 262 амандмани, кои во најголем дел беа поднесени од опозицијата, беа прифатени само неколку амандмани на колегите од позицијата, од ДУИ, сите други амандмани беа одбиени.“

Според Николов, ребалансот е популистички:

„Мислам дека е во насока на популизам, а не во насока на соочување на последиците од кризата и создавање поволности за развој на македонската економија, за тоа зборува и кратењето на капиталните расходи од една страна, а од друга страна зголемувањето на трошоците за плати.“

Предложениот ребаланс е прилагодување на јавната потрошувачка заради намалените приходи во Буџетот во првите месеци од годинава, рече министерот за финансии Зоран Ставрески. Според него, во април и мај има подобрувања на приходната страна на народната каса.
Свесни сме за тоа дека овој ребаланс на буџетот е кратење на буџетот поради тоа што има импликации од светската економска криза и се намалува буџетот за 2010
година.
Од ДУИ, коалицискиот партнер во власта, велат дека се задоволни од предложнениот ребаланс. Координаторот на пратеничката група на партијата, Тахир Хани вели дека ребалансот соодветствува на сегашната ситуација:

„Свесни сме за тоа дека овој ребаланс на буџетот е кратење на буџетот поради тоа што има импликации од светската економска криза и се намалува буџетот за 2010 година.“

Неколку амандмани на ДУИ биле прифатени во текот на дискусијата, додава Хани:

„ДУИ успеа да се наметне со некои нови проекти, тоа се повеќе средства за Државниот тетовски универзитет, средства за Плоштадот Скендер Бег во општина Чаир, обезбедивме средства за патот Тетово-Призрен, а исто така сите средства што ние беа скратени од Министерството за култура ни се вратија назад со нашите амандмани.“

Инаку, согласно предлозите на власта, се предвидува ревидирање на приходите за 4,8 милијарди денари или за 3,3 проценти и соодветно Нето намалување на расходите. Дефиџцитот останува на првобитното планирано ниво.
XS
SM
MD
LG