Достапни линкови

Повеќе народни пари за јавните претпријатија


Зградата на Владата на Република Македонија
Зградата на Владата на Република Македонија

Опозицијата ја обвинува власта дека во новиот ребаланс на буџетот се зголемуваат субвенциите за јавните претпријатија, а се намалуваат расходите на приватните фирми. Дали овие средства во најголем дел ќе одат за покривање на платите на партиските членови во jавните претпријатија, прашува опозицијата.

Со предложениот ребаланс на буџетот за 2010 година се зголемуваат субвенциите за јавните претпријатија, а се намалуваат расходите за приватните претпријатија. Имајќи предвид дека во теорија, јавните претпријатија треба да остваруваат профит за да ги покриваат тековните расходи, се поставува прашањето дали зголемувањето на буџетските трошоци за овие организации оди во прилог на владината детерминираност за штедење? Пратеникот на опозициската СДСМ Маријанчо Николов, во текот на дискусијата за ребалансот на
Кои се тие јавни претпријатија што работат со загуба и кои се причините? Менаџерите ги поставувате вие. Управните одбори ги поставувате исто така вие како влада, и ако не работат добро треба да ги смените.
буџетот, праша дали со зголемените субвенции за јавните претпријатија „се честат неуспешните менаџери“:

Пратеникот од СДСМ, Марјанчо Николов
„Многу ме интересира ова прашање, зошто ги зголемувате субвенциите за јавни претпријатија? Кои се тие јавни претпријатија што работат со загуба и кои се причините? Менаџерите ги поставувате вие. Управните одбори ги поставувате исто така вие како влада, и ако не работат добро треба да ги смените. Зошто уште 140 милиона ќе честите некој неуспешни директори, каде се овие пари, многу ме интересира за кои јавни претпријатија се?“

Постои ризик парите за јавните претпријатија да бидат залудно потрошени, додава Николов:

„Ако сте навистина за покривање на загуби дајте да ги разрешиме прво директорите, а после да им трансферираме средства затоа што тие досега не биле успешни, која е гаранцијата дека и овие пари нема да ги потрошат непродуктивно, но за жал јас мислам дека овие средства ќе одат во најголем дел за покривање на платите на партиските членови кои што ги толерирате во јавните претпријатија.“

Министерот за финансии Зоран Ставрески не појасни зошто повеќе народни пари ќе се трошат на јавните претпријатија. Дел од
Ако сте навистина за покривање на загуби дајте да ги разрешиме прво директорите, а после да им трансферираме
средства.
експертите сметаат дека зголемените субвеции за јавните фирми во ребалансот на трошоците од народната каса можеби се спорни. Ексминистерот за финансии Џевдет Хајредини посочува дека јавните претпријатија треба сами да остваруваат профит:

„Во никој случај нема потреба на јавните претпријатија да им се даваат пари, тие треба да имаат свои постојани приходи.“

Инаку, согласно ребалансот, субвенциите за јавните претрпијатија се зголемени за 14 проценти од нешто повеќе од 760 милиони денари на близу 900 милиони денари. Од друга страна, владата ги намалува субвенциите за приватните претпријатија. Така ако во оригиналниот буџет за 2010 година биле предвидени околу 25 милиони денари субвенции за приватниот сектор, а со ребалансот субвенциите за приватни претпријатија се сведуваат на нешто повеќе од 13 милиони денари. Имено, владините трошоци за приватни претпријатија со предлог - ребалансот се речиси преполовени.
XS
SM
MD
LG