Францускиот министер Пјер Лелуш со порака за решавање на спорот со името, бидејќи ЕУ не сака да увезува дополнителни проблеми.
Спорот со името меѓу Македонија и Грција е нешто што двете суверени држави треба заедно да го решат и тоа воопшто не е улога на Франција или било кој друг да се меша во тоа прашање. На ист начин се спротиставивме да се мешаме во граничниот спор меѓу Хрватска и Словенија. Oва го изјави францускиот министер за европски прашања, Пјер Леклуш по денешната средба со неговиот македонски колега, Васко Наумовски.
„Сепак постои една грижа што ја имаме во Унијата а таа е следната: да не увезуваме дополнителни територијални проблеми, гранични или какви и да е други кои што ги носат земјите кандидатки или, пак, некоја членка на Унијата.“
Лелуш вели дека Франција посакува решението да го најдат премиерот Никола Груевски и неговиот грчки колега Јоргос Папандреу, додавајќи дека неговата земја е тука да ги поддржи двајцата лидери што побрзо да успеат за доброто на сите.
„Знам дека постои спор со вашиот грчки сосед, меѓутоа ние сме овде затоа што Европа значи мобилизација на сите и всушност тоа е во ваш интерес и во интерес на Европа. Ние Французите ве сакаме во европското семејство, ве сакаме спремни. Топката е на ваша страна и обидете се подобро да играте од француската фудбалска репрезентација.“
На прашањето кои се очекувањата од извештајот на Европската комисија за Македонија, Лелуш одговори дека не може да го коментира, бидејќи се уште не е издаден, но додаде дека за Унијата е важно земјата да продолжи со реформите и тоа со забрзан интензитет.
...да не увезуваме дополнителни територијални проблеми, гранични или какви и да е други кои што ги носат земјите кандидатки или пак некоја членка на Унијата.