Годинава на Охридско лето, Драмски настапи со претставата Хамлет, во режија на Дејан Пројковски со Дејан Лилиќ во главната улога.
На 50-тото јубилејно Охридско Лето, во драмскиот дел годинава има 13 театарски претстави. Меѓу нив, единствена премиера беше маркантното и храбро видување на Хамлет со игра на нашиот Драмски театар, на режисерот Дејан Пројковски со Дејан Лилиќ во главната улога на претставата што се смета за врв во шекспировската класична театарска уметност, што во Македонија е поставена по петти пат, а на Охридско Лето се игра трет пат и тоа на истиот ансамбл од Драмски од Скопје.
„Првичната идеја ми беше да се направи еден Хамлет кој ќе го дише времето денес, а дилемите на Хамлет да бидат дилемите на современиот човек. Притоа како главен режисерски концепт, заменувајќи ја познатата хамлетовска дилема „Да се биде ли не“ во режисерски концепт со „Да се биде или да се биде“, како единствен можен одговор на херојот денес. Целиот концепт на претставата Хамлет, е едно патување во длабочината на човечкото срце, бидејќи таму се одговорите на клучните прашања што не засегааат како вечните теми на љубовта, бесмртноста, желбата за власт и сите секојдневни дилеми и стравови на човекот“, вели режисерот на најновиот македонски Хамлет, Пројковски.
„Насекаде околу нас, во секој миг зад секој чекор и агол се наоѓа лицемерие и двојна игра, оговарања, обиди да ти се зарие нож во грб, па дури сега веќе и нема потреба да е од грб, туку директно во градите каде ќе се гледа непријателот во очи. Таков е за жал светот, но ние сме тука да го смениме. Не може Хамлет да го смени, тој може само да укаже, а може да го смени човекот внатре во себе. Ако тоа барем малку со мојата улога ми успее, да го чепнам и вознемирам кај луѓето тој момент, јас ќе бидам многу среќен“, вели Лилиќ.
Одговарајќи на големата и стара хамлетовска одговодилема "Да се биде или не", погледнато низ призмата на современото живеење, сепак повеќе гледа темнина отколку светлина, што е уште поголем предизвик за него како актер и човек да ја бара смислата на постоењето во овој наш брз и краток земски живот.
Ѓорѓи Јолевски, драмскиот селектор на фестивалот, и покрај различните коментари, смета дека театарскиот репертоар годинава е достоен на јубилејот и нуди квалитетна програма со нови дела, добри актери и режисери.
„Претставите кои што се присутни на годинашното издание се продуцирани во најголем дел оваа година. Значајно е што голем дел од продукцијата кореспондира со досегашниот сензибилитет на фестивот, а тоа е класиката. Ги имаме : Српската класика со Стерија Поповиќ, два пати Шекспир, со Сон на Летната ноќ со театарот Комисаржевскаја од Санкт Петерсбург, во режија на големиот светски режисер Александар Морфов, и го имавме Хамлет, со претстава што е гордост не само на Драмски, туку и на Македонија. Го имаме Брехт, Пер Гинт од Ибзент со еден од столбовите на Македонскиот театар Слободан Унковски со копрудукциски проект, а и Јоана Поповска, која слави 50 години од нејзиното творештво. Проблематизирањето на програмата секогаш е валидно и нормално, зошто сите луѓе имаат мислење дали е добро или не. Јас сум сигурен дека можело и подобро, доколку би имале буџет што фестивалот го заслужува. Колку поголем буџет, толку помоќни претстави“, вели Јолевски.
Драмскиот селектор на Охридско Лето, што на 20-ти август, за прв пат наместо како до сега со музички концерт ќе биде затворено со театарската претстава „Кавкаски круг со креда“ од Бертолд Брехт, на режисерот Мартин Кочовски и Прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“, наградената претстава на истоимениот фестивал годинава.
На секаде околу нас во секој миг зад секој чекор и агол се наоѓа лицемерие и двојна игра, оговарања, обиди да ти се зарие нож во грб, па дури сега веќе и нема потреба да е од грб, туку директно во градите каде ќе се гледа непријателот во очи. Таков е за жал светот, но ние сме тука да го смениме.
„Првичната идеја ми беше да се направи еден Хамлет кој ќе го дише времето денес, а дилемите на Хамлет да бидат дилемите на современиот човек. Притоа како главен режисерски концепт, заменувајќи ја познатата хамлетовска дилема „Да се биде ли не“ во режисерски концепт со „Да се биде или да се биде“, како единствен можен одговор на херојот денес. Целиот концепт на претставата Хамлет, е едно патување во длабочината на човечкото срце, бидејќи таму се одговорите на клучните прашања што не засегааат како вечните теми на љубовта, бесмртноста, желбата за власт и сите секојдневни дилеми и стравови на човекот“, вели режисерот на најновиот македонски Хамлет, Пројковски.
„Насекаде околу нас, во секој миг зад секој чекор и агол се наоѓа лицемерие и двојна игра, оговарања, обиди да ти се зарие нож во грб, па дури сега веќе и нема потреба да е од грб, туку директно во градите каде ќе се гледа непријателот во очи. Таков е за жал светот, но ние сме тука да го смениме. Не може Хамлет да го смени, тој може само да укаже, а може да го смени човекот внатре во себе. Ако тоа барем малку со мојата улога ми успее, да го чепнам и вознемирам кај луѓето тој момент, јас ќе бидам многу среќен“, вели Лилиќ.
Одговарајќи на големата и стара хамлетовска одговодилема "Да се биде или не", погледнато низ призмата на современото живеење, сепак повеќе гледа темнина отколку светлина, што е уште поголем предизвик за него како актер и човек да ја бара смислата на постоењето во овој наш брз и краток земски живот.
Проблематизирањето
на програмата секогаш е валидно и нормално, зошто сите луѓе имаат мислење дали е добро или не. Јас сум сигурен дека можело и подобро, доколку би имале буџет што фестивалот го заслужува. Колку поголем буџет, толку помоќни
претстави.