Правична застапеност на немнозинските заедници

Ќе добијат ли помалите заедници загарантирани места во Парламентот

Расправа за загарантирани места во Парламентот за немнозинските заедници. Албанските партии стравуваат од нарушување на Бадентеровиот принцип.
Јавната расправа на Комитетот за односи меѓу зедниците врзана за обезбедување поголемо учество на помалите заедници во Парламентот се однесува на обезбедување механзими кои би се вградиле во изборното законодавство за обезбедување на ова право кое на помалите заедници во принцип им припаѓа. Етничките заедници како што се на пример турската, српската, ромската се распрскани низ
Бидејќи во Собранието се одлучува на два начина, мнозински и тука помалите етнички заедници навистина неможат да влијаат и со Бадентерово правило и малиот број на заедници во случај да имаат поголем број на пратеници ќе тежат политички
повеќе.
територијата на Македонија, а особено некои од нив кои не се сконцентрирани во една изборна единица и не може да го исполнат она што како принцип е воведено по 2001-та година, а тоа е праведна пропорционална застапеност. Со овозможувањето на загарантираните места во Парламентот, прашање е дали наместо еден ќе значи нешто за подобар статус добивањето два или три пратеника, но сепак се овозможува поголема политичката тежина на помалите заедници, оценува професор Мирјана Малевска од Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово:

„Сепак значи зошто? Бидејќи во Собранието се одлучува на два начина, мнозински и тука помалите етнички заедници навистина не можат да влијаат и со Бадентерово правило и малиот број на заедници во случај да имаат поголем број на пратеници ќе тежат политички повеќе.“

Собрание

Но, дали помалите зедници ќе ги добијат загарантираните места во Парламентот е големо прашање. Политичките претставници на Албанците се противат на овој принцип и сметаат дека постојат можности за манипулација. Тие се плашат од мајоризација, така што малите етнички заедници би се приклучиле на некоја друга страна или друга политичка опција:

„Не сме против загарантираните места, но сакаме заштитен механизам на Бадентеровиот принцип во гласањето. Да не може да доаѓаме во ситуација каде што ќе имаме двојно повеќе гласови од помалите етнички заедници“,
Не сме против загарантираните места, но сакаме заштитен механизам на Бадентеровиот принцип во гласањето.
изјави Тахир Хани, координатор на пратеничката група на ДУИ.

Според критичарите, на решението со него се дава можност за пазарење меѓу партиите, но експертите сметаат дека оваа тема е споредна. Политичките претставници на помалите етнички заедници сметаат дека создавањето можност за реална застапеност во Парламентот ќе резултира со нивно поголемо присуство во општеството:

„Не мислам дека претставува некакво пазарање, туку напротив ќе делува позитивно, ќе резултира со создавање на основни претпоставки за реализација на одредени права, во смила на очувување на идентитетот, културниот, јазичниот итн“, изјави Авдија Пепиќ од Партијата на Бошњаците.

Експертите прифаќаат дека може да има пропусти во самата уставна поставеност на ова правило за кое може да се разговара, но Малевска верува дека политичките претставници може да најдат решение бидејќи имаат пракса и искуство од 2001-та година до донес како временски период во кој како принцип е воведена праведната пропорционална застапеност.