Дебарскиот суд со мали надлежности

Грбот на општина Дебар

Судот во Дебар е надлежен само за граѓански спорови до 15 илјади евра, за сите останати спорови дебарчани мораат да се појават пред гостиварскиот суд.
Околу 4 години Основниот суд во Дебар бара измени во Законот за организација на судовите во Република Македонија донесен во 2006 година, со образложение дека се повредени правата на делокругот, поради што дебарчани се приморани да се изложуваат на доплолнителни трошоци за патување во Основниот суд во Гостивар, за одредени судски предмети.
Инаку со стариот закон основиот суд во Дебар за граѓанските предмети одлучуваше за предмети со неограничерна висина на средства додека пак за кривичните предмети со казна затвор до 10 години. Исто така судот одлучуваше за малолетнички деликти. Граѓаните реагираат на оваа состојба и бараат да се вратат
надлежностите.


„Со новиот закон за организирање на судовите од 2006 година, основниот суд во Дебар е надлежен само за граѓанските спорови во висина од 15 илјади евра и за кривични дела за кои се дава казна до 5 години затвор. Инаку со стариот закон, основиот суд во Дебар за граѓанските предмети одлучуваше за предмети со неограничерна висина на средства додека пак за кривичните предмети со казна затвор до 10 години. Исто така судот одлучуваше за малолетнички деликти. Граѓаните реагираат на оваа состојба и бараат да се вратат надлежностите“, објаснува претседателот на Основниот суд во Дебар, Фитим Касапи.

Тој подвлекува дека со законот од 2006 година се одземени на дебарскиот суд и предметите за малолетничката деликвенција.

„Главниот проблем што ги иритира дебарчани е тоа што Гостивар е одалечен 70 километри. Еден суд како што е гостиварскиот има надлежности од 70 километри далечина, а дебарскиот основен суд има територија од само 6 километри надлежности, што го нема никаде во светот. Воедно нема никаде состојба да има 400 достави месечно наедна територија за друг суд како што е гостиварскиот во овој случај. Најголем проблем се и малолетничките предмети. Тие не можеме да ги реализираме во Дебар, а за една украдена топка или патики еден малолетник се суди во Гостивар, а сите тие малолетници се од социјално загрозени семејства.“

Раководството на дебарскиот основен суд подвлекува дека политиката е таа која треба да го реши проблемот.

„Барања за враќање на надлежностите имаме диоставено до министерството, врховниот суд, до сите други судски инстанции, но и до УСАИД. Ветувања има, но до сега нема ништо ново. Мислам дека главен фактор за решавање на проблемот е политиката“, вели претседателот на судот Касапи.

Во изминатиот период постојани реакции на оваа состојба со надлежностите на судот во Дебар има како од странките во споровите така и од страна на адвокатите. И адвокатите имаа зголемени тропшоци заради патувањата до Гостивар.