Партиско бојкотирање на Парламентот, собраниски инцидент, укажувања за немање дијалог... Има ли шанси за омекнување на политичката атмосфера во Собранието? Денеска пратеничките групи и собранискиот спикер ќе се обидат да најдат компромис за формирање на Анкетна комисија која треба да го расветли собранискиот инцидент.
Партиите треба да покажат дека се подготвени да направат отстапки од тврдите позиции, но потребен е и потолерантен однос кон опозицијата од мнозинството како во сите земји со развиена демократија. Тоа би сигнализирало дека парламентарните групи ќе излезат од спротивставениот однос во кој западнаа и најверојатно ќе отвори пат кон омекнувањето на политичката атмосфера во Собранието, велат познавачите:
„Ако не постои политичка волја, тоа е правило број еден, тогаш треба да се држите стриктно до процедурите, бидејќи процедурите се затоа и измислени, проблемот е што не се почитуваат процедурите и затоа тука настанува револт“, сугерира Љупчо Јордановски поранешен претседател на Собранието.
Минатата година Македонија имаше позитивна оценка за работата на Собранието во извештајот на Европската комисија. Прашањето е зошто не се задржаа овие моменти. Впечатокот на политичкиот анлитичар Насер Зибери кој има искуство како пратеник е дека и покрај позитивните оценки на Европската комисија за започнување на преговорите, главниот проблем е што земјава е надвор од евроатланските интеграции:
„Неможноста Македонија да се интегрира во ЕУ и НАТО и сето тоа ги фрустрира и пратениците како одраз на проблемите со кои се соочуваат граѓаните и често пати емотивно реагираат во Собранието, често пати надвор од законот и Деловникот.“
Проблем, според Јордановски, е тоа што партиите повеќе се фокусирани врз сопствени партиски интереси отколку на суштински прашања:
„Не гледам дека имало поголема разлика минатата година и оваа година во однос на позиција-опозиција, туку едноставно Европа нас не стимулира, ни дава елан со еден тавко извештај. Инаку ситуацијата е сосема идентична, лани и оваа година.“
Претседателот на парламентот и координаторите на пратеничките групи денеска треба да се обидат да најдат компромисно решение за формирање на Анкетна комисија која треба да го расветли собранискиот инцидент. Двете страни како да се на пат да договорат решенија. Во меѓувреме една година надвор од Парламентот е опозициската Демократска Партија на Албанците. Стојан Андов кој е поранешен претседател на Собранието посочува дека најдобро е оваа партија своите идеи како што налагаат и процедурите да ги изложува пред институциите.
„Тоа е дневно-политички потег. ДПА прво треба да се врати во Парламентот, а после да ги поставува овие барања.“
До овие реакции дојде откако ДПА одржа Собрание на кое одлучи да не се појави во Парламентот и настапи со идеи чие прифаќање ги постави како услов за враќање во пратеничките клупи.
Ако не постои политичка волја, тоа е правило број еден, тогаш треба да се држите стриктно до процедурите, бидејќи процедурите се затоа и измислени, проблемот е што не се почитуваат процедурите и затоа тука настанува револт
„Ако не постои политичка волја, тоа е правило број еден, тогаш треба да се држите стриктно до процедурите, бидејќи процедурите се затоа и измислени, проблемот е што не се почитуваат процедурите и затоа тука настанува револт“, сугерира Љупчо Јордановски поранешен претседател на Собранието.
Минатата година Македонија имаше позитивна оценка за работата на Собранието во извештајот на Европската комисија. Прашањето е зошто не се задржаа овие моменти. Впечатокот на политичкиот анлитичар Насер Зибери кој има искуство како пратеник е дека и покрај позитивните оценки на Европската комисија за започнување на преговорите, главниот проблем е што земјава е надвор од евроатланските интеграции:
„Неможноста Македонија да се интегрира во ЕУ и НАТО и сето тоа ги фрустрира и пратениците како одраз на проблемите со кои се соочуваат граѓаните и често пати емотивно реагираат во Собранието, често пати надвор од законот и Деловникот.“
Неможноста Македонија да се интегрира во ЕУ и НАТО и сето тоа ги фрустрира и пратениците како одраз на проблемите со кои се соочуваат граѓаните и често пати емотивно реагираат во Собранието.