Во Охрид се одржува 49–тиот Балкански фестивал на народни песни и игри
Изложбата на сликарката Адмира Брадариќ од БиХ во галеријата на Центарот за култура Григор Прличев во Охрид е предвесник на 49-тиот Балкански фестивал на народни песни и игри, што по традиција се одржува на почетокот од летната туристичка и културна сезона на ривиерата, како смотра на фолклорното богатство на Балканските и други земји.
„Од 2000-тата година, две години престојував во болницата Свети Еразмо и чувствувам голема љубов и радост за Охрид. Кога дипломирав на ликовната академија во Сараево, за што темата ми беше инспирирана од доживувањата и годините минати во Охрид. Чест ми е мојата прва изложба во Македонија да му ја подарам на Охрид, што ми беше голема желба и да му ја посветам на мојот, сега покоен лекар Горан Маленко. Публиката ќе може да ја види мојата автобиографска поставка, преку сликите како комбинација на модерните медиуми, принтот, фотографијата и старата техника графиката. Тоа е своевидна поезија на моето минато и мојата сегашност“, вели сликарката Брадариќ.
Отворањето на Балканскиот фестивал е со целовечерен концерт на нашиот професионален ансамбл за народни песни и игри Танец, на летната сцена Долни Сарај на што ќе му претходи дефиле со музика, песна и игра на 500 фолклористи низ центарот на Охрид, меѓу кои ќе бидат и младите македонски иселеници во Австралија од Квинбијан и Волонгонг,
„Традиционално го отвораме фестивалот со Танец, по што доаѓа професионален ансамбл Пирин од Благоевград-Бугарија. Од Србија и Хрватска ќе имаме висококвалитетни ансамбли од Загреб и Белград, што се меѓу првите пет во нивните земји. Ќе имаме учесници од Црна Гора, Чешка, Турција, Брегот на Слоновата Коска, Нигерија и од Македонија. Балканскиот фестивал го носи само името Балкански, но тој уште од самиот почеток е интернационален фестивал. Секоја година имаме гости од Европа и пошироко“, вели Драгана Боцеска, директорка на Охридскиот центар за култура, што под покровителство на Парламентот на Македонија со средства од Министерството за култура го организира фестивалот на кој годинава посебна атракција се ансамблите од Лагос-Нигерија и Абиџан-Брегот на Слоновата Коска во Африка.
„Настапот на тие егзотични анамбли му дава посебен шарм на фестивалот, поради тоа што, иако се знае дека главни учесници се земјите од Балканот, ова доаѓа како еден шлагворт, со тоа што имаме ново видување на фолклорот со нови обичаи, кои не се својствени за Европа“, вели Славко Упевче, програмски координатор на Балканскиот фестивал.
Тој потсетува дека влезот за концертите на Долни Сарај е слободен и најавува уште поквалитетна и пошаренолика програма за 50-тото златно јубилејно фестивалско издание идната година.
Чест ми е мојата прва изложба во Македонија да му ја подарам на Охрид, што ми беше голема желба и да му ја посветам на мојот сега покоен лекар Горан Маленко. Публиката ќе може да ја види мојата автобиографска поставка, преку сликите како комбинација на модерните медиуми, принтот, фотографијата и старата техника графиката. Тоа е своевидна поезија на моето минато и мојата сегашност.