Македонските граѓани, помеѓу новата градска плажа во Скопје и грчките летувалишта. И новата тема на Хајд паркот, повод за поделба на патриоти и предавници
Празници се ближат, празници се ближат – ама не како во рекламата на Кока-Кола – Нова Година, туку се ближат или веќе дојдоа - годишните одмори. И токму прашањето во нашиот Хајд парк е на оваа тема: на годишен одмор – каде? Помеѓу новата Градска плажа во Скопје и грчкото море? Има ли народот пари за летување? Има многу ваши коментари, почитувани, кои покрај беспарицата, разоткриваат и една друга работа: исполитизираноста на нашите граѓани. Имено, повеќето пораки се вртат околу Грција и патриотизмот или предавството.
„Секоја година е исто“, пишува Гордана од Скопје. „Еден куп наводни патриоти на одмор одат во Грција. И тука ништо не е лошо, освен што кога ќе се вратат, пак продолжуваат со приказните името не го даваме, Грците се шовинисти и слични глупости“.
Вашите коментари на темата за одморите може да ги оставите во рубриката Хајд парк.
Еден слушател од Скопје со страшно име – Пират смета дека не мора да значи дека сите оние кои одат на страна на одмор се предавници, исто како што и сите оние што ќе останат тука или во Охрид се патриоти … „ама едно е сигурно“, пишува Пиратот, „ние душа даваме да одиме во Грција … Грците од што многу не' сакаат ги откажуваат и аранжманите за 8-ми март во Охрид, само дека некој наш политичар рекол дека не го менуваме името ...е, ај, сега најди најмал заеднички содржател“, констатира математички нашиот слушател.
Зоран од Скопје вели дека ќе си одел на одмор во Грција, зашто било блиску и поприфатливо со цените. „А, Вмровците-патриоти веројатно им се полни џебовите, па од чист патриотизам ќе одат некаде на Карибите, на Сејшели, во Мајорка и на слични патриотски места“, завршува Зоран. Коста од Битола, од пуста мака, си прави шеги на своја сметка, но целосно го разбирам: пишува дека е цело време на одмор бидејќи е невработен. „Немам пари ниту на кафе в град да излезам, а камоли на летување, и Охрид ми е далеку!“, извикува Коста од Битола.
Џони, пак, од Валандово, исто така со еден вид шега на своја сметка: „Јас не одам на одмор“, пишува. „Ем немам пари, ем имам алергија на сонце. И, немам проблем“. Резигнирана и иронична е пораката од нашиот Тони од Скопје кој коментира дека ќе оди на Градска плажа. „Ни отворија кујни“- вели - „значи ќе каснеме понешто, па на плажа покрај Вардар и така супер ќе си живееме, сами на себе доволни“. На Тони очигледно му е пукнат филмот, па продолжува: „Супер, Грујо, мајсторе, или подобро, илузионист. Сите патриоти да си седат дома, оти сите други и на Запад и комшииве ни се непријатели, нели???“
Кога сме кај сиромаштијата, по анализата на нашиот новинар за се' поголемата сиромаштија на народов, има две пораки инспирирани од неа: Велјо смета дека „сите ги заболе уво за народот“, а Димитар од Скопје извикува саркастично: „Аман, бе, Радио Слободна Европа! А, што ќе има споменици и што ќе биде убав градов?!?“ Мислам - додава Димитар, „не е битно што немаме за леб - ќе имаме за триумфална капија, ееееј!“

Вашиот пребарувач не подржува HTML5