Сини шлемови

Со 124 илјади цивилен и воен персонал распоредени во целиот свет, мировните сили на ОН се најголемото тело на Организацијата. Значењето на Мировните сили значително се зголеми во изминатата деценија, а се очекува и натаму да расте. Првата мисија на Мировните сили датира од 1948, а беше спроведена на Блискиот Исток. Од тогаш се спроведени 63 мировни операции, од кои 16 се активни и денеска.
Mировниците на ОН, или како што уште ги нарекуваат ’сини шлемови‘, често се наоѓаат изложени на опасни ситуации. Само во изминатите 5 години се убиени околу 700 мировници. За илјадниците сини шлемови распоредени на жешките точки во светот, годишно од буџетот на ОН се издвојуваат најмногу пари. Само за оваа година се одвоени речиси 8 милијарди долари. Мировниците патролираат во области погодени од насилство, отстрануваат нагазни мини, вршат испорака на помош, им помагаат на бегалците, подржуват спроведување на фер избори.

ОН, својата прва мисија ја започна во 1948, во тогаш новоформиранта држава Израел, за да ја следат состојбат по прекинот на огнот меѓу Израел и арапските држави. Од тогаш спровеле повеќе од 60 мисии, одобрени од Советот за безбедност да дејствуваат како неутрален спроведувач на мировните договори со кои се ставил крај на некој конфликт.

Timor-Leste 16 Mar 2010
Но, во последно време, за мировните операци на ОН се врзуваат корупција, злоупотреби, а се критикува и тоа што неможат да регираат во ситуациии на екстремно насилство.

Неуспешни мисии

Масакрот во Сребреница во кој загинаа повеќе од 8.000 муслимански мажи и момчиња се случи и покрај присуството на 400 холандски мировници кои не успеаа да го спречат колежот. Како неуспешна се оценува и мисијата во Руанда, кога мировниците во 1994-та не успеаја да го спречат геноцидот. Се проценува дека повеќе од 800 илјади луѓе се убиени во тоа време. Тогаш генерален секретар на ОН беше Кофи Анан. Години подоцна, тој, настанот во Руанда го опиша како горчливо искуство во неговата кариера, за кое се кае.

Во моментов има 16 активни мировни мисии во места како Хаити, Косово, Голанската Висорамнина... Поголемиот дел од мисиите, се во Африка, има мисии во Демократска Република Конго, на Брегот на Слоновата Коска и Либерија.

Најголема волонтерска армија во светот

Мировниците на ОН се најголемата волонтерска армија во светот. Околу 115 земји испраќаат свои војници и полицајци за мировните операции во Бангладеш, Пакистан, Индија... Бројот на вработени никогаш не е проблем, вели шефот на мировните операци на ОН, Ален Ле Рој. Тој вели дека земјите во развој се желни да учествуваат во мировни мисии:

„Имаме повеќе понуди од побарувачката, па така да може да бидеме и селективни.. Има многу земји кои сакаат да учествуваат, затоа што секој војник, секој полицаец е горд што учествувал во мировни мисии.“

Ако земјите во развој обезбедуваат персонал, тогаш развиените земји обезбедуваат финансии. Соединетите Држави обезбедуват 27 проценти од целиот буџет. Големи пари даваат и Јапонија, Велика Британија, Германија и Франција.

Мировнички во Хаити

Во моментов, само неколку мировниците на ОН се жени. Минатата година, генералниот секретар Бан Ки-Мун започна глобална заложба за зголемување на уделот на жените во мировните операции до 20 проценти до 2014 година.

Клер Хаткинсон која работи како офицер за родови работи во Одделот за мировни мисии на ОН вели дека присуството на жените мировници може, во некои земји, да им помогне на ОН да бидат поефикасни во својата работа со локалното население:

„Во некои култури , на пример како во Авганистан, или некои други - каде што мажите не можат да се поврзат со жените или не им е дозволено да зборуваат со нив, важно е да има жени мировници, бидејќи тие можат да се вклучат во општеството, на начин на кој мажите не можат.“

Првиот целосно женски контингент кој служеше во полициска единициа, беше во во Индија во 2007-та. Од тогаш бројот на жени мировнице се зголемил за 7 пати.