150 питомци од Македонија, Србија, Америка и Турција се дел од првиот летен меѓународен кампус. Во центарот за обука „Пеплиште“ и армискиот полигон Криволак тие ќе имаат можност да ги совладаат воените вештини. Разменувајќи ги искуствата, питомците ќе се подготвуваат за учество во заеднички мировни мисии. Летниот кампус е потврда на заложбата на Министерството за одбрана за усовршување на питомците на АРМ кои ќе придонесат за јакнење на мирот во светот.
„Крајната цел на отварањето на Воената Акаедимија беше прво да создадеме кадар што ќе може да се справи со сите предизвици, а второ и да ставиме еден регионален акцент во промоција на Македонија и Воената Академија“, рече министерот за одбрана Зоран Коњаноски.
Предавачи на летниот кампус се професори од Америка, Турција и Македонија. За професорот Томас Винкфилд од универзитетот Џорџ Маршал, организирањето на ваква обука е потврда дека АРМ и во воената едукација е лидер во регионот.
„НАТО членството е тешка цел за повеќе земји не само за Македонија, меѓутоа организирањето на еден ваков меѓународен настан многу ќе придонесе, и на овој начин Македонија е многу поблиску до својата цел“, рече професорот Винкфилд.
Образованието е значаен фактор за поединецот што истовремено се трансформира и во моќ на државата. За Осе Смилевски, декан на педагошкиот факултет во Штип, кампусот е извонредна можност за презентација и на македонскиот воен образовен систем.
„Со овој кампус се постигнуваат повеќе цели како што се скромна примена на Болоњскиот процес, заедничка обука според НАТО стандардите, взаемно запознавање со убавините на нашата држава“, рече деканот Смилевски.
Летниот кампус ќе трае десет дена. Питомците, практичните вежби на Криволак, ќе ги изведуваат во услови слични на оние каде што учествуваат нашите мировници, на нова воена опрема која беше презентирана на тактично- техничкиот збор.
Крајната цел на отварањето на Воената Акаедимија беше прво да создадеме кадар што ќе може да се справи со сите предизвици, а второ и да ставиме еден регионален акцент во промоција на Македонија и Воената Академија.