Експертите поделени, јавноста збунета - ќе има ли решение за името по се почестите позитивни изјави од страна на домашните и меѓунароните политичари или само се тактизира.
Посредникот на ОН во спорот за името Метју Нимиц е во близок контакт со учесниците во процесот, но ќе ги објавува само официјалните средби и големите посети, се вели во писмената изјава што ја добивме од портпаролот на Нимиц, Ари Гаитанис.
Пред неколку дена и премиерот Никола Груевски рече дека има засилени контакти на Нимиц со двете страни. Сепак, Груевски оцени дека нема јасни сигнали дека набрзо ќе има нов предлог за името.Коментирајќи ја изјавата на белгискиот министер за надворешни работи Стивен Ванакере, кој рече дека спорот за името би можел да се реши за неколку недели, Груевски рече дека тој веројатно ги темели ваквите тврдења токму на засилената активност на Нимиц.
Професор Димитар Мирчев, смета дека во наредниве неколку недели Нимиц ќе ги посети Скопје и Атина. Во вчерашната изјава за Радио Слободна Европа, Мирчев рече дека се надева дека Нимиц ќе донесе нови предлози „кои ќе ни бидат прифатливи“.
Премиерот Никола Груевски, во изминативе девет месеци, шест пати се сретна со неговиот грчки колега Јоргос Папандреу.
Аналитичарите, и во Македонија и во Грција, имаат дијаметрално спротивни ставови. Една група се оние кои мислат дека решението е на повидок и дека многу брзо ќе се постигне договор, додека другите сметаат дека изразувањето на умерен оптимизам е само маневар за купување време, затоа што ни Скопје ни Атина не сакат решение.
Професор Билјана Ванковска не верува дека би можело да се постигне решение во брзо време. Грција останува на своите цврсти позиции, а атмосферата во Македонија се вжештува токму околу расправата за името, вели Ванковска.
„Имаме една контрадикција, позитивни дипломатски изјави, а внатрешна ситуација ниту покажува некаква консолидација, ниту некаков став која е нашата позиција и до каде ние можеме да одиме. Грците не даваат индикации дека го промениле својот став, а Метју Нимиц е сомнително тивок, така што јас не очекувамникакви придвижувања.“
Ванковска вели дека работите можеби би биле поинакви ако тајната дипломатија интензивно работи и се утврдуваат детали од решението.
„Меѓутоа, дури и тоа да е точно, останува прашањето, како двата премиери ќе го презентираат тоа свое решение пред сопствената јавност, затоа што јавноста во двете држави е дефинитивно наелектризирана.“
Пред десетина дена, претседателот Ѓорге Иванов рече дека Македонија е подготвена да се дојде до заемно прифатливо решение кое нема да посега по македонскиот идентитет, јазик и достоинство.
Пред неколку дена и премиерот Никола Груевски рече дека има засилени контакти на Нимиц со двете страни. Сепак, Груевски оцени дека нема јасни сигнали дека набрзо ќе има нов предлог за името.
Имаме една контрадикција, позитивни дипломатски изјави, а внатрешна ситуација ниту покажува некаква консолидација, ниту некаков став која е нашата позиција и до каде ние можеме да одиме. Грците не даваат индикации дека го промениле својот став, а Метју Нимиц е сомнително тивок, така што јас не очекувам никакви
придвижувањa.
Професор Димитар Мирчев, смета дека во наредниве неколку недели Нимиц ќе ги посети Скопје и Атина. Во вчерашната изјава за Радио Слободна Европа, Мирчев рече дека се надева дека Нимиц ќе донесе нови предлози „кои ќе ни бидат прифатливи“.
Премиерот Никола Груевски, во изминативе девет месеци, шест пати се сретна со неговиот грчки колега Јоргос Папандреу.
Аналитичарите, и во Македонија и во Грција, имаат дијаметрално спротивни ставови. Една група се оние кои мислат дека решението е на повидок и дека многу брзо ќе се постигне договор, додека другите сметаат дека изразувањето на умерен оптимизам е само маневар за купување време, затоа што ни Скопје ни Атина не сакат решение.
Професор Билјана Ванковска не верува дека би можело да се постигне решение во брзо време. Грција останува на своите цврсти позиции, а атмосферата во Македонија се вжештува токму околу расправата за името, вели Ванковска.
„Имаме една контрадикција, позитивни дипломатски изјави, а внатрешна ситуација ниту покажува некаква консолидација, ниту некаков став која е нашата позиција и до каде ние можеме да одиме. Грците не даваат индикации дека го промениле својот став, а Метју Нимиц е сомнително тивок, така што јас не очекувам
Меѓутоа дури и тоа да е точно, останува прашањето, како двата премиери ќе го презентираат тоа свое решение пред сопствената
јавност.