Дебата преку интернет

Насловната страна од „Блогирај за кауза!“ Водич за застапување преку блогирање на Глобал војсис

Преку проектот ’Социјални медиуми за демократија‘ се спроведува едукација на младите како интернетот и попупларните социјални мрежи да ги искористат за искажување на своите ставови.
Фејсбук и Твитер се двете најинтересни социјални мрежи за младите. Освен за забава и дружење овие интернет портали може да се користат за информирање, но и дебатирање. Интернетот во Македонија е прилично застапен во секојдневниот живот, но искористеноста како медиум засега е недоволна. Крерањето на јавното мислење е важно затоа младите треба правилно да се информираат за значењето на социјалните мрежи и нивното влијание врз демократските процеси. Фондацијата Метаморфозис реализирајки го проектот ’Социјални медиуми за демократија‘ се обидува да ги едуцира младите како напредната технологија да ја искористат за презентирање на свои
Ваквите дебати ќе помогнат да потикнеме критичко размислување кај присутните и да ги потикнеме луѓето да се вклучат во ваквите процеси преку користење на блогови и социјални мрежи значи да се проба да се направи некаква
промена.
ставови.

„Промени може да се издејствуваат благодарение на социјалните медиуми. Вакви примери постојат во светот. Едноставно по тие добри практики ние направивме пресликување на еден наш личен проект овде во Македонија. Сега колку самите активисти ќе успејат да издејствуваат промени тоа сепак останува на нив, ние ги потикнувамe и мотивираме да го направат тоа“, вели Ирена Шумадиева од Метаморфозис.

Според истажувањето на фондацијата Метаморфозис, здравството, технологијата и образование се најчестите теми на кои во Македонија дебатираат младите. Но, простор за дебатирање постои, теми има, само младите се тие кои треба да покажат интерес, вели Шумадиева.
Основачот на Фејсбук Марк Цукерберг

„Ваквите дебати ќе помогнат да потикнеме критичко размислување кај присутните и да ги потикнеме луѓето да се вклучат во ваквите процеси преку користење на блогови и социјални мрежи значи да се проба да се направи некаква промена. Целта не ни е да менуваме нешто, само сакаме да ги потикнеме луѓето и да им покажеме дека постојат бесплатни алатки кои што можат да ги користат на интернет за да направат промена доколку нешто не им се допаѓа.“

Порталот www.kauza.mk, како прилот проект го изработија четириесетина младинци. Тука секој може да дебатира, но и да отвори свој блог. Фондацијата Метаморфозис по неколкуте трибини одржани низ Македонија смета дека државата е на добар пат да го подигне степенот на користење на социјалните мрежи за општото добро на сите.