Помош од УСАИД

Мајкл Фриц директор на мисијата на УСАИД во Македонија

УСАИД ќе овозможи финансиска помош за Центарот за управување со кризи во Македонија, како и размена на експерти и обука за вработените.
Центарот за управување со кризи потпиша Меморандум за соработка со Американската агенција за меѓународен развој – УСАИД. Американската агенција, на центарот ќе му овозможи финансиска помош, размена на експерти од таа област и обуки на вработените
Со меморандумот ќе биде овозможена размена на информации за превентивно делување и подготовка за делување во услови на евентуална криза и во кризна состојба. Многу сум горд што воспоставивме соработката со Центарот за кризи и што ќе бидеме партнери во иднина на ова поле.
според нивните стандарди за да можат да одговорат на задачите во случај на криза. Директорот на УСАИД, Мајкл Фриц вели дека со овој договор Соединетите Американски Држави ги продолжуваат напорите за помош на земјите од светот во случај на катастрофа.

„Со меморандумот ќе биде овозможена размена на информации за превентивно делување и подготовка за делување во услови на евентуална криза и во кризна состојба. Многу сум горд што воспоставивме соработката со Центарот за кризи и што ќе бидеме партнери во иднина на ова поле.“

Директорот на центарот, Тони Јакимовски вели дека меморандумот е од големо значење за нив, бидејќи неговата цел е давање помош во одредени кризни состојби во Македонија. Централата на УСАИД во Будимпешта ќе прима информации за состојбите во земјава за да може во одредени ситуации веднаш да и биде дадена помош на Македонија, вели тој.

„Првиот линк на соработка помеѓу центарот за управување со кризи и УСАИД треба да биде размена на информации со центарот во Будимпешта, каде што централата на УСАИД ќе може да ги прима информациите при настанување на почетна кризна ситуација во Македонија. Ќе биде овозможена брза размена на информации и брза проценка на состојбите и точно ќе биде одредено во кој момент ќе треба да се даде помош на Република Македонија.“

Првата Канцеларија на УСАИД за странска помош во услови на катастрофа во земјава е формирана во 1963 година по катастрофалниот земјотрес во Скопје.