Владиното обезбедување со физичка сила и закани се пресметуваше со снимателот на ТВ Ера.
Снимателите повторно се жртва на државното обезбедување. Припадник на владиното обезбедување го удри и му се закануваше на снимателот на ТВ Ера Горан Најдов, за време на средбата на премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски со лидерите на политичките партии од коалицијата „За подобра Македонија“.
Дел од обезбедувањето му рекло на снимателот дека може да влезе и да снима, а други му рекле дека не може. Откако изреагирал, обезбедувањето почна да го кошка и да му се заканува. Десетици новинари и сниматели беа очевидци на инцидентот.
Снимателот Најдов, очигледно уплашен од заканите не сакаше многу да зборува за тоа што се случило, со надеж дека случајот ќе помине без посериозни последици за него.
Дали ти се закануваа?
„Имав мали закани, ама мислам дека не е ништо страшно и дека нема да се оствари ништо од тоа.“
Што направи ти за да се случи целиот овој настан?
„Влегов внатре и имавме момент, и од моја и од нивна страна, имаше мало недоразбирање, кошкање и тоа.“
Мораше ли да заврши со буткање во ребра и така натаму?
„Па не знам дали мораше така да заврши. Мислам дека можеше со разговор да заврши сето тоа. До душа, ние си ги имаме тие проблеми, стандардни ни се. Се надевам, ни ветија дека нема да има такви проблеми, по разговорот и мислам дека се ќе се реши.“
Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, по завршувањето на средбата рече дека не е запознаена со инцидентот и дека не може да каже ништо додека не се испита што се случило.
Снимателите имаа неуспешен бојкот на снимањето на премиерот Никола Груевски, откако на дел од снимателите од провладините медиуми, редакциите им наредија да останат и да го проследат настанот.
Премиерот Груевски, по средбата рече дека е информиран за инцидентот.
„Слушнав дека имало мал инцидент, во меѓувреме додека ние бевме на состанокот. Мене ми е жал за тоа. Ќе го испитаме тој случај и доколку некој постапил надвор од правилата ќе бидат преземени мерки.“
Пред две години, припадници на полициската единица Алфи го претепаа снимателот на телевизијата Алсат-М, Игор Љубовчевски. Двајцата напаѓачи добија 1,5 и една година затвор.