Прашања без одговори

Наместо решенија, обвинувања

Наместо решавање на проблемите на граѓаните, политичките партии се решија на разговор на глуви. ВМРО ДПМНЕ и СДСМ деновиве водат „војна“ преку прес-конференции за тоа кој што планирал во врска со спорот за името, но ниту една од партиите не дава одговор, ниту нуди решенија.
Разговор на глуви или поставување на реторски прашања. Вака кусо може да се опишат мини-меѓупартиските војни, кои преку безброј прес-конференции и партиски соопштенија ги водат двете најголеми политички партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.
На партиските прес-конференции речиси никогаш нема одговори и нудење решенија за основните проблеми на граѓаните, но секогаш содржат прашања упатени кон противничкиот табор.

Ќе направиме еден кус преглед на изјавите од изминативе два дена. Прво, премиерот Никола Груевски го праша лидерот на СДСМ
Во таа насока ги гледам и овие прес конференции на кои партиите реално наместо да комуницираат со народот, комуницираат една со друга.
Бранко Црвенковски како би го решил спорот за името.

„Дали нешто договорил, дали нешто договара, дали нешто планира, и ако има нешто, што планира?“

Веднаш реагираше потпретседателот на СДСМ, Гордан Георгиев.
Седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

„Срамота е човек кој што ја има целокупната власт во државата и има директни средби со грчкиот премиер да ја обвинува опозицијата дека нешто договара.“

Прашањето го повтори пратеникот Влатко Ѓорчев од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

„Што планира Бранко Црвенковски со името на државата, идентитетот на македонскиот народ?“

Лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски одговори дека власта е таа која што треба да ги реши проблемите.

„Господине Груевски, или владејте или одете си!“
Многу е лесно да се постави прашање, а тешко е да се даде одговор, исто како и за многу обични работи во животот. Мислам дека тоа што се случува не води кон ништо.

Многу е веројатно дека препукувањето ќе продолжи и наредните денови.

Експертите за политички маркетинг велат дека нападот кон противниците е карактеристичен чекор за партии што се наоѓаат во безизлезна ситуација. Петар Арсовски, експерт за политичка комуникација, вели дека во моментов и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се „во тесно“ - првите затоа што рејтингот полека им паѓа, а вторите поради тоа што рејтингот не им се качува.

„Партиите влегуваат во своите комфорни зони. Комфорните зони на партиите се секогаш напад, односно напад по секој повод, без некоја посериозна аргументација, наместо понуда. Во таа насока ги гледам и овие прес-конференции на кои партиите реално, наместо да комуницираат со народот, комуницираат една со друга.“
Бранко Црвенковски

Експертот за политички маркетинг Иво Лауренчиќ, кој работел на многу предизборни кампањи и во земјава и во регионот, вели дека е тажно што во изминативе 20 години само се поставуваат прашања, но не се нудат одговори.

„Многу е лесно да се постави прашање, а тешко е да се даде одговор, исто како и за многу обични работи во животот. Мислам дека тоа што се случува не води кон ништо, дека тоа е просто една игра која оди на штета и на власта и на опозицијата, зашто со тоа тие ја покажуваат својата зрелост - колку се сериозни и што работат.“

Опозицијата вели дека власта е таа која има одговорност да одговори на прашањата и дека тие ќе ги решат проблемите кога ќе дојдат на власт. Власта, пак, вели дека одговара пред народот, а не пред опозицијата.