Десет години, жителите од трите крајезерски градови Охрид, Струга и Поградец покрај Охридското Езеро во Македонија и Албанија, 21 јуни го слават како Ден на Езерото. Годинава домаќин беше Охрид, каде повторно беше потенцирана важноста на заедничката грижа за езерото.
И на едната и на другата страна се смета дека по повеќегодишната изолација во поранешниот социјалистички систем, доста е направено минативе две децении за слободно движење на граѓаните и економските текови. Сепак, нивна желба е да се овозможи жителите околу границата да можат да ја минуваат без визи и пасоши, со подобра инфраструктура, патишта и полесна и побрза комуникација.
„Има добра соработка меѓу Поградец и Охрид, посебно меѓу локалните власти и невладините организации. Тоа може да се подобри во иднинасо поголема почит кон езерото и со заштита на ова големо природно богатство од суштинска важност за сите нас. Со конкретни активности можна е подобра и попрофитабилна соработка во економијата и туризмот, бидејќи двата града имаат убаво крајбрежје, доста хотели и патеки за рекреативен туризам, што е тренд во светот. Ние спортистите што се занимаваме со велосипедизам од двете земји, го обиколивме Охридското Езеро, за да укажеме на неговата магичност, што може од него да направи нов центар на спортскиот туризам за странците желни за динамични патувања“, вели Генс Анџели од Албанија.
„На сите оние кои не биле на другата страна на езерото, би им препорачал да видат како изгледа Охрид од другата страна, кај Поградец. Природата е воодушевувачка, за разлика од порано. Во поглед на инфраструктура се доста напреднати, центарот на Поградец е среден, се прави нов граничен премин кај Свети Наум, а се реконструира и граничениот примен Ќафасан“, вели Александар Јованоски од Охрид.
Туристичките работници сметаат дека поголемо раздвижување на туристите од двете страни на езерото има во последниве пет-шест години.
„Се поголем број граѓани од Поградец, како соседно место доаѓаат на еднодневни или викенд посети во Охрид. Од Македонска страна,таму повеќе се оди на еднодневни екскурзии. А има и доста примери на екскурзии кои се вметнати во програмата на туристичките агенции што ги нудиме на странски туристи“, вели Елида Битрак, сопственичка на туристичката агенција Елида Турс, преку која жителите од Охридскиот регион патуваат во Поградец и Албанија, Албанците доаѓаат кај нас за викенди и празници, а странците во балканските аранжмани се почесто користат тури околу езерото.
На денот на езерото, уште еднаш е испратен апел до надлежните инстанци, со поголема и подобра промоција, привлечна и конкурентна понуда да го популаризираат македонско-албанското крајбрежје и Охридското Езеро, за што неопходно е во летниот период конечно да се воведе долго најавуваната бродска линија Охрид-Струга-Поградец, за полесен превоз на патници и туристи, што би било економски исплатлива туристичка атракција.
„Има добра соработка меѓу Поградец и Охрид, посебно меѓу локалните власти и невладините организации. Тоа може да се подобри во иднина
На сите оние кои не биле на другата страна на езерото, би им препорачал да видат како изгледа Охрид од другата страна, кај Поградец. Природата е воодушевувачка, за разлика од порано, во поглед на инфраструктура се доста напреднати.
„На сите оние кои не биле на другата страна на езерото, би им препорачал да видат како изгледа Охрид од другата страна, кај Поградец. Природата е воодушевувачка, за разлика од порано. Во поглед на инфраструктура се доста напреднати, центарот на Поградец е среден, се прави нов граничен премин кај Свети Наум, а се реконструира и граничениот примен Ќафасан“, вели Александар Јованоски од Охрид.
Туристичките работници сметаат дека поголемо раздвижување на туристите од двете страни на езерото има во последниве пет-шест години.
„Се поголем број граѓани од Поградец, како соседно место доаѓаат на еднодневни или викенд посети во Охрид. Од Македонска страна,
Се поголем број граѓани од Поградец, како соседно место доаѓаат на еднодневни или викенд посети во Охрид.