Чешкиот претседател Вацлав Клаус кој е во официјална посета на Македонија ја изрази поддршката за ставовите на Македонија за спорот за името. Претседателот Иванов пак ја повтори македонската позиција за прифаќање на решение кое нема да биде на штета на ниту една страна.
Македонија е подготвена за взаемно прифатливо решение за спорот со Грција, кое нема да биде на штета на ниту една страна, изјави претседателот Ѓорге Иванов по денешната средба со чешкиот претседател Вацлав Клаус, кој е во прва официјална посета на Македонија. Претседателот Иванов вели дека колку за другите тоа да е нелогично, несфатливо и надвор од сите меѓународни принципи, спорот за името нас не оптоварува и токму поради тоа сме блокирани и во НАТО и во ЕУ. Иванов посочува дека во последно време има интензивна комуникација меѓу македонскиот и грчкиот премиер, што значи дека се враќа довербата меѓу раководствата на двете држави. Сепак, решението мора да го најдеме во рамките на ОН, вели претседателот Иванов.
„Ние сме подготвени да се дојде до решение кое ќе биде заемно прифатливо, решение кое нема да посега по нашиот идентитет, по нашиот јазик и по нашето достоинство. За тоа се вели дека мора да се дојде до компромис во кој ќе нема добитници и ќе нема губитници. Да се најде нешто што ќе биде заемно прифатливо за двете држави, а тоа што ќе биде заемно прифатливо треба да го прифатат и граѓаните на нашите две држави. Ако тоа решение не е прифатливо за граѓаните, ќе создава многу дополнителни проблеми.“
Претседателот Иванов вели дека за сега нема потреба да свика лидерска средба за постигнување консензус за можно решение за спорот за името со Грција.
„Процесот се води во ОН, очекуваме предлог од Нимиц, тогаш кога ќе дојде таков предлог не очекува она што треба да го постигнеме, а тоа е да го хомогенизираме општеството и да дојдеме до заеднички став. Се додека не добиме ние, она од што е официјална постапка во ОН, нема за што да разговараме.“
Чешкиот претседател ја изрази подршката за ставовите на Македонија и оцени дека не е возможно да има решение што ќе биде наметнато од надвор и со кое не би се согласиле граѓаните на Македонија.
„Светот, Европа и општо целиот свет има многу поголеми проблеми, така што спор за едно име коешто згора на се самата држава си гоизбрала, мене ми се чини дека е сосема недостоен.“
Клаус не пропушти уште еднаш да го потенцира својот евроскептицизам. На новинарско прашање, како би требало на постапува ЕУ во случај кога влегувањето на една држава во Унијата е спречено поради билатерални проблеми со друга држава, Клаус рече дека не знае кого во ЕУ би требало да советува.
„Тоа би требало да му давам совети на новиот претседател на ЕУ или на Европскиот совет или на двете доминантни држави коишто ја определуваат политиката во ЕУ, на Франција и на Германија или би требало да мислам дека ЕУ е се уште заедница на суверени држави кои соработуваат заедно. Ако е тоа вистина, во таков случај би требало да давам совети на Грција, а во таков случај претпочитам да не давам совети никому.“
Претседателот Клаус често има ставови што не кореспондираат со официјалната чешка владина политика.
Процесот се води во ОН, очекуваме предлог од Нимиц, тогаш кога ќе дојде таков предлог не очекува она што треба да го постигнеме, а тоа е да го хомогенизираме општеството и да дојдеме до заеднички став.
„Ние сме подготвени да се дојде до решение кое ќе биде заемно прифатливо, решение кое нема да посега по нашиот идентитет, по нашиот јазик и по нашето достоинство. За тоа се вели дека мора да се дојде до компромис во кој ќе нема добитници и ќе нема губитници. Да се најде нешто што ќе биде заемно прифатливо за двете држави, а тоа што ќе биде заемно прифатливо треба да го прифатат и граѓаните на нашите две држави. Ако тоа решение не е прифатливо за граѓаните, ќе создава многу дополнителни проблеми.“
Претседателот Иванов вели дека за сега нема потреба да свика лидерска средба за постигнување консензус за можно решение за спорот за името со Грција.
„Процесот се води во ОН, очекуваме предлог од Нимиц, тогаш кога ќе дојде таков предлог не очекува она што треба да го постигнеме, а тоа е да го хомогенизираме општеството и да дојдеме до заеднички став. Се додека не добиме ние, она од што е официјална постапка во ОН, нема за што да разговараме.“
Чешкиот претседател ја изрази подршката за ставовите на Македонија и оцени дека не е возможно да има решение што ќе биде наметнато од надвор и со кое не би се согласиле граѓаните на Македонија.
„Светот, Европа и општо целиот свет има многу поголеми проблеми, така што спор за едно име коешто згора на се самата држава си го
Светот, Европа и општо целиот свет има многу поголеми проблеми така што спор за едно име коешто згора на се самата држава си го избрала, мене ми се чини дека е сосема недостоен.