Генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен порача дека реформите, учеството во мисиите на НАТО, но и решението на спорот за името се клучот за членство на Македонија во Северноатлантската алијанса.
Решете го спорот за името со Грција и ќе влезете во НАТО, рече генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен, по денешната средба со премиерот Никола Груевски во Скопје. Расмусен им заблагодари на македонските власти за придонесот во мисијата ИСАФ во Авганистан и за подршката на силите на КФОР на Косово. Го цениме напредокот и посветеноста на реформите, рече тој.
„Мојата порака е – продолжете со реформите, продолжете да придонесувате и што е можно поскоро, најдете решение за спорот за името. Тоа се клучевите за вратата на НАТО, а ние ќе продолжиме да ви помагаме да се доближите до нив и да ги отворите.“
Расмусен изјави дека би сакал да ја види земјава, на иста маса со членките на Алијансата, што е можно поскоро. Сакаме да видиме проактивна улога од сите страни за да се најде компромис, рече Расмусен.
„Ќе треба да се донесат храбри политички одлуки од сите страни, за да може да се постигне стратешката цел на вашата држава за членство во НАТО и во ЕУ.“
Расмусен вели дека НАТО нема да се меша во разговорите за името што се водат под покровителство ОН, но оти се надева дека решение ќе се постигне што поскоро.
Премиерот Никола Груевски рече дека Македонија ќе продолжи да бара решение за спорот за името.
„Од наша страна се прави максимум што се може и очекуваме и другата страна ќе го даде својот максимум да се дојде до одредено решение. До тогаш, Македонија останува стабилен партнер на НАТО. Македонија продолжува со своите реформи затоа што тие ги правиме, не само на НАТО, тие ги правиме пред се и за нашите граѓани, за квалитетот на живеење, за подобрување на условите во земајата, и се разбира продолжуваме со нашите мисии и контрибуции, кои што Република македонија ги има заеднички со НАТО Алијансата.“
Груевски вели дека и по последната средба со неговиот грчки колега Јоргос Папандреу не видел доволно волја кај Грција за решавање на спорот.
„Доколку имаше доволно добра волја веќе ќе го имавме решено проблемот. Според тоа, потребно е уште повеќе, се разбира.“
Расмусен се сретна и со лидерот на ДУИ Али Ахмети. Тој, пак, изјави дека Македонија многу скоро ќе влезе во НАТО и ќе ги почне преговорите за членство со ЕУ.
„Јас не мислам дека Македонија нама да успее да се приклучи кон НАТО и мислам дека многу скоро ќе почнат преговорите со ЕУ и мислам дека ова се многу важни работи.“
Расмусен се сретна и со лидерот на опозицискиот СДСМ Бранко Црвенковски. Според соопштението од СДСМ, двјацата соговорници се согласиле дека спорот со името треба што побрзо да биде надминат.
„Генералниот секретар Расмусен истакна дека е потребно двете страни да покажат флексибилност за да се дојде до решение, кое ќе значи покана за членство во Алијансата. Тоа, додаде тој, е важно не само за земјата, туку и за НАТО и регионот“, се вели во соопштението од СДСМ.
Партијата наведува дека Црвенковски рекол дека за Македонија, евро-атлантските интеграции се највисок приоритет и дека сите пречки кон остварување на тие цели треба да бидат надминувани.

Средба на генералниот секретар на НАТО, Андрес Фог Расмусен со македоскиот премиер Никола Груевски во Скопје