Мавровскиот регион како еден од националните паркови во земјава во планинските подрачја има природни просторни и климатски услови како центар да работи добро цела година. Но, немањето стратегија е главна причина зошто во овој прекрасен регион недостасуваат туристи.
Искуствата од јуни кој е во тек и во услови кога темепературите достигнуваат 37 степени покажуваат дека, освен во викендите, кога доаѓаат главно љубители на планината или на велосипеди, во овој регион има само еден вид туризам, а тоа е семинарскиот туризам. Има и неколку поуспешни приказни, но тие се сведуваат на инндивидуални инцијатив, вели Селим Нехар хотелиер и туроператор:
„Ние успеавме, еве две години по ред, носиме чешки групи во Маврово, но ние го правиме тоа, а што е со целиот регион каде што има таква флора и фауна?! Имавме друга група минатата година и беа зачудени што се наоѓаа.“
Мавровскиот регион располага со 700 легала. Објектите во просек во овој период имаат пополнетост од 30 проценти. Светските искуства покажуваат дека скијачките патеки се само дел од понудата, додека на планините се градат центри со поинакви содржини. Скијачкиот центар живее два месеца, а забораваме дека има и езеро кое не е само за потребите на ЕЛЕМ да произведува струја.
„Цената во март и во август ви е иста без разлика што е едното е зима, а другото во летна сезона. Треба само малку организираност и добра воља“, вели Александар Чоневски од Стопанската комора за туризам.
Планините може да бидат добар извор на профит, но најнапред во нив треба да се вложи. Има погодни локации и во помалку развиените средини каде се потребни поголеми вложувања и пари од приватници, покажуваат искуствата на хотелиер во Стење кај Преспа:
„Има проблем со вода, ние што сме некои објекти го регулираме проблемот со сопствена вода.“
Освен активно учество на државата, треба да се воспостави модел на јавно приватно партнерство со кој ќе се изградат инфрструктурни објекти сметаат туроперторите, смета Нехар Селим:
„Би ја потенцирал и Словенија, бомбастичните реклами, ’дојдете платате еден, а седете двајца‘.“
Во последните неколку години, нешто се прави, но за да биде таа понуда респектабилна потребно е да биде застепена во сите 365 дена од годината.

Ние успеавме еве две години по ред носиме чешки групи во Маврово, но ние го правиме тоа, а што е со целиот регион каде што има таква флора и фауна, имавме друга група минатата година и беа зачудени што се наоѓаa.
Мавровскиот регион располага со 700 легала. Објектите во просек во овој период имаат пополнетост од 30 проценти. Светските искуства покажуваат дека скијачките патеки се само дел од понудата, додека на планините се градат центри со поинакви содржини. Скијачкиот центар живее два месеца, а забораваме дека има и езеро кое не е само за потребите на ЕЛЕМ да произведува струја.
„Цената во март и во август ви е иста без разлика што е едното е зима, а другото во летна сезона. Треба само малку организираност и добра воља“, вели Александар Чоневски од Стопанската комора за туризам.
Планините може да бидат добар извор на профит, но најнапред во нив треба да се вложи. Има погодни локации и во помалку развиените средини каде се потребни поголеми вложувања и пари од приватници, покажуваат искуствата на хотелиер во Стење кај Преспа:
Треба само малку организираност и добра воља.