Наместо да се обработат, да се насеат и да донесат пари, огромни ливади останаа празни поради нерешената ситуација со државното земјиште. Се помалку земјоделци од прилепскиот крај конкурираат на тендерите за државно земјиште, поради сложената и бавна процедура. Тие велат дека од тоа штети трпи државата.
И по четири месеци од завршување на тендерот за распределба, државното земјиште не е во владение на дел прилепски земјоделци. Тие трпат големи штети, затоа што не можат да ги остварат плановите за сеидба на пролетните култури, реагираат од регионалниот земјоделски сојуз „Клас“ од Прилеп и бараат Министерството за земјоделство да преземе мерки за да се решат проблемите на индивидуалните производители.
„Сто процентни се штетите, ако сме планирале да посееме на тие површини, без разлика дали сончоглед, царевка или некои други пролетни култури, тоа значи дека нема да бидат тие посеани“, вели Перо Стојкоски, претседателот на Регионалниот земјоделски сојуз „Клас“ од Прилеп.
Тој тврди и дека од друга страна, се помалку земјоделци конкурираат на државните тендери. Пролонгираната процедура, имотот што се добива на тендер да може да се управува дури по неколку месеци, како и сложената постапка за комплетирање на обемната документација за аплицирање, според Стојски се дел од причините што годинава е распределено само 20 отсто од државното земјиште. И не само тоа, проблем е и еднаквата цена на закупнината во висина од 5000 денари за хектар, која според земјоделците е превисока за 5 и 6-та категорија земјиште.
„Пета и шеста категорија земја мора Министерството за земјоделство да собере храброст, сили, реално треба да каже дека ние како земјоделци не треба таа земја да ја плаќаме. Напротив треба да бидеме субвенционирани повеќе за да имаме стимулации за понатамошна обработка на таа земја. Немаме ние доволно сточен фонд, за да истата остане необработена и биде пасишта. Значи мораме стратегија да имаме за да се обработи земјата“, истакнува Стојкоски.
Освен тоа, прилепските земјоделци се соочуваат со уште еден крупен проблем оваа сезона. Велат обилните пролетни дождови предизвикаа големи штети на пролетните житни култури, па голем дел од родот им остана по нивите. Земјоделците бараат отштета од државата, но од земјоделскиот сојуз велат дека овој проблем што се повторува со години треба да се реши, доколку производителите ги осигуруваат своите имоти. Но, како што велат во „Клас“, за да се достигне овој степен на заштита, неоходна е поголема едукација на земјоделците за да ги согледаат поволностите.
„Едукацијата од страна на Министерството за земјоделство, мислам дека е недоволна за да тоа ние го прифатиме пореално. Ние како земјоделци бараме и мислам дека е потребно поголема едукација кое треба да ја спроведе самото Министерство за земјоделство“, вели првиот прилепски земјоделец.
Од „Клас“ бараат поголема соработка со ресорното Министерството за да може како што велат да се избегнат или навреме да се решаваат проблемите во аграрот.
Сто процентни се штетите, ако сме планирале да посееме на тие површини, без разлика дали сончоглед, царевка или некои други пролетни култури, тоа значи дека нема да бидат тие посеани.
„Сто процентни се штетите, ако сме планирале да посееме на тие површини, без разлика дали сончоглед, царевка или некои други пролетни култури, тоа значи дека нема да бидат тие посеани“, вели Перо Стојкоски, претседателот на Регионалниот земјоделски сојуз „Клас“ од Прилеп.
Тој тврди и дека од друга страна, се помалку земјоделци конкурираат на државните тендери. Пролонгираната процедура, имотот што се добива на тендер да може да се управува дури по неколку месеци, како и сложената постапка за комплетирање на обемната документација за аплицирање, според Стојски се дел од причините што годинава е распределено само 20 отсто од државното земјиште. И не само тоа, проблем е и еднаквата цена на закупнината во висина од 5000 денари за хектар, која според земјоделците е превисока за 5 и 6-та категорија земјиште.
Пета и шеста категорија земја мора Министерството за земјоделство да собере храброст, сили, реално треба да каже дека ние како земјоделци не треба таа земја да
ја плаќаме.