Достапни линкови

Состојби во земјоделството


И покрај тоа што Владата неколку пати ги зголеми субвенциите за земјоделците, тие се жалат на високите давачки кон државата. Велат, требаат пари за стоката, пари за сеидба, пари за да го обработуваш земјиштето и на крај нема пласман. Некои земјоделци велат дека поднеле барање за субвенции но се уште не добиле пари

И покрај тоа што Владата неколку пати ги зголеми субвенциите за земјоделците, а тие имаат можност да користат и други фондови, сепак земјоделците велат дека целата работа им изгледа како да му се дава пари на мртов човек за да оживее. Зоран Англековски е
Сум поднел од лани, не се стасани уште, зборувам за млеко. Поднесуваме, уште не се легнати парите. Мене не ми требаат субвенции, нека има се реална заработувачка, не ми требаат субвенции. Кредит не е само да го земам, со што ќе го враќам после? Да заложам под хипотека? Колку луѓе изгубиле и куќи и станови така?
фармер од скопско. Toj вели дека не сака да се жали, но реалноста, сепак, кажува нешто друго. Давачки кон државата, пари за стоката, пари за сеидба, пари за да го обработуваш земјиштето и на крај нема пласман. Ангелковски вели дека поднел барање за субвенции, но се уште не добил пари, а вели дека е неисплатливо да се земаат кредити.

„Сум поднел од лани, не се стасани уште, зборувам за млеко. Поднесуваме, уште не се легнати парите. Мене не ми требаат субвенции, нека има се реална заработувачка, не ми требаат субвенции. Кредит не е само да го земам, со што ќе го враќам после? Да заложам под хипотека? Колку луѓе изгубиле и куќи и станови така?“

Премиерот Никола Груевски пред еден месец изјави дека Владата годинава ќе издвои нови сто милини евра за субвенционирање на земјоделетвото, за следната година се предвидени а 115 милиони евра, а за 2012 година субвенциите ќе изнесуваат 130 милиони евра. Покрај тоа, преку ИПАРД-програмата за рурален развој, земјоделците ќе имаат дополнителни 30 милиони евра.


Ѓоко Данаилов од Федерација на фармери на Македонија вели дека субвенциите за одреден земјоделски култури треба да се зголемат наместо за сите да се одвојуваат исти пари, а предлагаат и регистрираните земјоделци да имаат повластен статус. Данаилов вели дека месечните давачки на еден регистриран земјоделец се околу пет илјади евра, што е приближно колку што има давачки една помала фирма.

„Сметаме дека луѓето што плаќаат давачки во овие услови на криза, ниски цени, задоцнет откуп на земјоделските производи, треба да добијат одредена бенефиција. Самиот недостаток на интерес за регистрирање на земјоделците по овој закон, кажува дека тие немаат доволно бенефиции кои што ги одвојуваат од останатите кои се занимаваат со земјоделство.“

Регистрираните земјоделци од годинава добиваат десет проценти поголема финансиска поддршка од нерегистрираните.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG