Масовна продажба на стоката по млечната криза

По аферата „Сведмилк“ што предизвика намалување на откупот на млеко, сточарите од пелагонискиот крај масовно ја продаваат стоката. Според млекопроизводителите, добиточниот фонд е намален за 40 проценти. Кравите масовно се продаваат во Албанија и Косово.
Дури 18 илјади грла добиток се продале од државата во изминатите година и пол од избувнувањето на аферата „Сведмилк“ до денес, тврдат фармерите од Пелагониско. Најголем дел од добитокот завршил во кланиците во Албанија и Косово. Според млекопроизводителите, добиточниот фонд е намален за 40 проценти, а според државта за 0,4 проценти. Во Министерството за
Многу крави се продадоа, некаде околу 18000. Сите за Албанија и Косово заминале. Прво ги купувавме од таму, а сега ги враќаме.
земјоделство, пак, ланската година за само еден квартал фармерите од Битолско пријавиле милион литри млеко помалку за субвенции од претходната година. Фармерите велат дека намаленото производство се должи на пропаѓањето на шведската млекарница и на ниските откупни цени.

„Многу крави се продадоа, некаде околу 18000. Сите за Албанија и Косово заминале. Прво ги купувавме од таму, а сега ги враќаме. Млекото е евтино - 12 денари, кога водата е 20 денари. Треба да се подобри тоа, па да се вратат кооперантите во битолска млекарница. Кога можат од Струмица да доаѓаат и тука да откупуваат млеко за 16 денари со трошоци за превоз, па овие од тука го земаат 12 денари“
Пари кај фармерите нема. Сите сме задолжени, кој повеќе, кој помалку. Факт е дека се продаваат цели штали со 15, 20 или 30 крави. Последнава година се испродаде 40 отсто од сточниот фонд во Пелагониско.
, вели фармерот Трајан Јунотовски од пелагониско.
Од ланскиот протест на сточарите во Битола

Со сличен стави и неговиот колега Ќире Небрежанец.

„Пари кај фармерите нема. Сите сме задолжени, кој повеќе, кој помалку. Факт е дека се продаваат цели штали со 15, 20 или 30 крави. Последнава година се испродаде 40 отсто од сточниот фонд во Пелагониско. Кравите се продаваат за смешни суми. Ако ние ги купувавме за 1500 или 1600 евра, сега истата таа крава се продава за 600 или 700 евра. Тоа е надвор од сите норми.“

Од битолската млекарница со одговор дека откупната цена ја диктира пазарот и дека се движи до 13 до 19 денари во зависност од квалитетот на млекото.

„За жал тоа со продажбата на грлата се случува и тоа е факт. Но, ние работиме по пазарни услови кои ги наметнува конкуренцијата внатрешна и надворешна. Не е реално да се очекува дека цената на млекото во Македонија ќе биде значително повисока од цената на млекото во државите во регионот“, изјави генералниот менаџер на ИМБ, Роко Водопија.