До есенва најбогатиот регион со млеко во државата, Пелагонија, ќе остане без сточен фонд, прогнозираат пелагониските млекопроизводители. По пропаѓањето на Сведмилк и неподмирениот долог кон млекарите во изминатите десет месеци, се заклаа многу грла добиток за сточарите да преживеат и да ги платат кредитите.
,,Сточниот фонд го уништивме сосема. Повеќе сточен фонд немаме. Не е како што слушаме на медиумите дека околу 1100 се заклани во каници, а по шталите имаме над 2-3000 крави заклано и од тука се продава месото. Нека дојди министерот за земјоделство да види што се работи на сточниот пазар во вторник. Сточниот фонд ќе се уништи до на есен сосема. Сведмилк пропадна, арамиите не се најдоа, а битолска млекара уценува од 8 до 10 денари за литар млеко, ако и чини ќе го земи, ако не не го зема"
вели Душко Илиевски, фармер од Битолско.
Пред две години кога влезе странскиот капитал во македонските млекарници беше најавено дека заврши периодот кога исплатата на родот се компензираше со канти сирење. Но, не за долго.
"Од Идеал Шипка им нудат канта сирење, кашкавал на фармерите наместо пари за откупеното млеко. Се задржува и данок. Со што фармерот ќе просперира?" прашува Илиевски.
Во Пелагонија дневно неоткупени остануваат по 50 тони млеко. Камионите на Сведмилк не поминале подолго време, а други млекарници прават рестрикции во откупот, се жалат фармерите.
,,Ако речеме дека млекарниците се во ред ќе лажеме. По млекарниците навистина е хаос, има вишок млеко. Луѓето кажуваат дека има рестрикци, по три месеци ги исклучуват од откуп. Не е во ред откупната цена зашто за да се произведи еден литар млеко чини минимум 13 денари, а да го откупат за 10 и да живееме ние и да живее стоката само ќе се лажеме."
,,Не сме фармери, фармери можат да бидат во Европа. Ние сме гојдари, се мачиме за едно парче леб, млекото го продаваме на пазар по литар. Тоа не е начин,"
велат Зоранчо Кулевски, фармер од Долно Оризари и Гоце Кантаровски од Могила.
И млeчните индустрии побараа помош од државата соочени со вишоци на млеко. Се смета дека ова е вовед во продлабочена млечна криза која допрва ќе следи. Со тоа што фармите почнуваат да се преориентираат кон месната преработувачка идустрија, а некаде да стануваат и кокошарници, не само што ќе го снема молзниот добиток, туку ќе секне и млекото. Тоа ќе значи поголем увоз и повисоки продажни цени на млекото кое велат дека не е чудо да се искачат и до 100 денари од литар.
Сточниот фонд го уништивме сосема. Повеќе сточен фонд немаме. Не е како што слушаме на медиумите дека околу 1100 се заклани во каници, а по шталите имаме над 2-3000 крави заклано и од тука се продава месото.