Локалните проекти се добар политички маркетинг, па оттука власта сака да е присутна на вакви општински настани, коментираат аналитичарите, за честото присуство на премиерот на локални случувања како градење спортски сали, спортски терени, чистење одводни канали итн. Дел од градоначалниците од опозицијата обвинуваат и дека власта води селективен пристап, а останатите тврдат дека тоа е тенденциозно обвинување.
Ако фискално не ослободат нема потреба државата да прави локални проекти и програми туку истите да им ги даде на локалните власти. Ова се реакциите на дел од градоначалниците кои ги предизвикува присуството на премиерот на локални случувања, како градење на спортски сали, спортски терени или чистење на одводни канали.
Владата ги партизира односите со локалната власт преферирајќи општини каде градоначалници се од нивна партија, критичен е Зоран Дамјановски, градоначалник на Куманово.
„Еве како пример ќе ви кажам, ние во двата проекти на Владата „Чистење на канали“ едниот е од Министерство за земјоделство каде што се одредени 62 километри за чистење на канали, за Куманово не е одреден ниту еден метар, а исто и Министерството за транспорт и врски, кое прави исто таква акција не сме ставени во приоритени правци.“
Според Дамјановски, невлегувањето на кумановскиот регион кој претставува 10 насто од вкупната територија на државата во овие проекти е пример на селективен пристап.
Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп, смета дека се тенденциозни обвинувањата на градоначалниците и нагласува дека проекти добиваат општини кои имаат најдобри понуди и најбргу ќе аплицираат. Во однос на присуството на претставниците од цетралната власт на локални случувања, цени дека тоа зборува за карактерот на личностите кои ја водат централната власт и за нивната грижа за општините:
„Со претходниот случај имавте власт која не ги почитуваше граѓаните ниту локалните самоуправи. Ние многу пати сме упатувале покани, а тие воопшто не се одзвале на тие покани.“
За Здравко Савески, политички аналитичар, не станува збор за мешање во ингеренциите на локалната власт туку повеќе за политички маркетинг во кој добиваме и случаи кој не се типични за други земји. Савески смета дека кај нас проблемот е друг, а тоа е што општините не располагаат со доволно финансиски средства:
„Тука е проблемот, значи треба до крај да се спроведе децентрализацијата во Македонија, наместо таа да се покажува на таков начин што ќе се присуствува на отварање на проекти во надлежност на локалната власт. Она што на Македонија во моментов и треба е помалку телевизиско претставување, а повеќе вистинско работење на терен.“
Но, и тука градоначалниците од власта и од опозицијата се разидуваат. Оние од власта се задоволни што по пет години дојде до зголемување на ДДВ и персоналниот данок од 3 на 3 ,5 проценти, а од опозицијата сметаат дека споредено со земјите од регионот овие бројки покажуваат дека ние немаме фискална децентрализација.

Еве како пример ќе ви кажам, ние во двата проекти на Владата „Чистење на канали“ едниот е од Министерство за земјоделство каде што се одредени 62 километри за чистење на канали, за Куманово не е одреден ниту еден метар.
„Еве како пример ќе ви кажам, ние во двата проекти на Владата „Чистење на канали“ едниот е од Министерство за земјоделство каде што се одредени 62 километри за чистење на канали, за Куманово не е одреден ниту еден метар, а исто и Министерството за транспорт и врски, кое прави исто таква акција не сме ставени во приоритени правци.“
Според Дамјановски, невлегувањето на кумановскиот регион кој претставува 10 насто од вкупната територија на државата во овие проекти е пример на селективен пристап.
Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп, смета дека се тенденциозни обвинувањата на градоначалниците и нагласува дека проекти добиваат општини кои имаат најдобри понуди и најбргу ќе аплицираат. Во однос на присуството на претставниците од цетралната власт на локални случувања, цени дека тоа зборува за карактерот на личностите кои ја водат централната власт и за нивната грижа за општините:
„Со претходниот случај имавте власт која не ги почитуваше граѓаните ниту локалните самоуправи. Ние многу пати сме упатувале покани, а тие воопшто не се одзвале на тие покани.“
Она што на Македонија во моментов и треба е помалку телевизиско претставување, а повеќе вистинско работење на терен.