Достапни линкови

Предизборни лопати, камен темелници - објекти нема


Индустриската зона Бунарџик, според бизнисмените остана празна зона, а најавуваните странски инвестиции не дојдоа. Помпезното сликање при удирањето на камен темелници, остана само за медиумите, бидејќи објекти ,,не никнаа“. Според експертите тоа е дел од ,,лажната“ политичката комуникација со народот.

Се удираа камен темелници на спортски сали, водоводи, фабрики, патишта театри, цркви, музеи, филхармонија. Помпезно се најавуваа странски инвестииции. Често на фрлањето на првата лопата присуствуваше и целиот државен врв, придружуван од свештени лица. Но, уште почесто се останува само на тоа. Ретко кога објектите кои беа започнати да се градат, дочекаа сечење на црвената лента. Слободната економска зона „Бунарџик“ остана празна, странските инвеститори недоаѓаат, изградбата на театри, филхармонија и музеи е запрена со новиот ребаланс на буџетот, а на многу места каде се ставаа камен темелници не се гради ништо. Бизнисменот Ристо Гуштеров кој беше еден од лобистите за доаѓање на Џонсон Контролс во Македонија, вели дека слободната зона „Бунарџик„ всушност е празна зона.

„Не е ништо почнато, никој нема удредно камен темелник. Освен што изгради Џонсон Контролс и Џонсон Мети градежниот дел го гледам завршен, освен што се наредени знамиња од сите европски земји и од некои други земји, високо се веат како цел свет да е
Типично примитивна политичка култура и од страна на актерите, но за жал и од страна јавноста. Постојано еве гледате како мислиме на вас, поставуваме темели и слично
присутен таму.“

А за другите помали индустриски објекти кои се градат низ земјава, Гуштеров вели нема многу да влијаат врз подобрување на економската состојба:

„Малку е неверојатно како ги ,,надувуваат“ бројките, ако е инвестиција од 200 000 долари, ќе направат во јавност дека е 2-3 милиона долара, така што сметаам дека тоа е малку замајување на јавноста.“

Според Гуштеров, на недоаѓањето на странските инвеститори освен економската криза, влијаат и домашниот амбиент, проблемите со судството, законите, нефункционирањето на банкарскиот систем, онака како што функционира во странство. Директорот на Агенцијата за странски инвестиции, Виктор Мизо вели дека иако некои од инвеститорите го одложија доаѓањето во Македонија, сепак земјава е меѓу најатрактивните на светската инвестициона мапа.

„Сме една од земјите која влегува во првиот круг од осум до десет земји кои што се разгледуваат како можни дестинации за инвестирање.“

Во Македонија многу почести се сликите на копање камен темелници, наместо на отварање на објекти, вели комуникологот Климе Бабунски. Според него сето тоа е дел од политичката комуникација:

„Типично примитивна политичка култура и од страна на актерите, но за жал и од страна јавноста. Постојано еве гледате како мислиме на вас, поставуваме темели и слично.“

Вели комуникологот Бабунски.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG