Според истражувањето на интернет пребарувачот „Гугл", Македонците се светски прваци во спортско обложување, додека, пак, според анализата на американскиот весник Форбс, 40 отсто од населението во земјата ја практикува оваа игра на среќа. Експертите велат дека обложувањето е најактуелно во земјите со низок животен стандард.
Обложувањето е најактуелно во оние земји каде што животниот стандард е низок, затоа луѓето бараат начин лесно да заработат, велат дел од експертите. И граѓаните кои ги анкетиравме велат дека сиромаштијата е причината поради која голем дел од луѓето се решаваат да ја испробаат својата среќа.
„Се повеќе и повеќе, луѓето се сиромашни и гледаат надеж дека ќе им падне нешто на лотарија.“
„Самата егзистенција ги тера луѓето да се коцкаат.“
„Луѓето бараат пари, немајќи друга работа се обложуваат мислејќи дека на тој начин ќе ги решат своите проблеми.“
Некои од граѓаните велат дека се обложуваат од забава, а други признаваат дека е за да дојдат брзо до пари.
„Па зошто? За да се земе некоја паричка.“
„Од забава, не нешто заради заработка.“
„За мене обложувањето од една страна е забава, а од друга страна чисто заработувачка.“
„Чисто од интерес.“
Обложувањето најчесто го практикуваат луѓето кои немаат редовна работа и тоа е во пораст во земјите каде има голема стапка на невработеност, вели социологот Илија Ацевски.
„Особено во оние системи, општества, каде што најголем дел од луѓето немаат некоја надеж дека реално ќе живеат во смисла на редовна работа, редовна заработувачка итн., а тоа значи дека оној психолошки момент се истура на преден план: 'Располагам со време кое што го исчекувам, на кое што се надевам дека ќе излезам од таа ситуација во која се наоѓам'.“
Секаде постојат игри на среќа и нашата држава не може да биде исклучок. Но, луѓето повеќе се склони кон верувањето дека на еден ваков начин ќе добијат пари, вели економистот Христо Карталов.
„Луѓето се надеваат дека најмногу ќе заработат тогаш кога најлошо живеат. Тоа е сериозен индикатор за тоа дека животниот стандард е лош, дека нема баш просперитетни можности за заработка на легалниот, нормалниот пристап што луѓето можат да го направат.“
Дали стануваме коцкарска нација е и темата на Хајд Паркот на нашата веб страна, каде и вие може да го напишете вашето мислење. Според истражувањето на интернет пребарувачот „Гугл“, Македонците се светски прваци во спортско обложување, додека, пак, според анализата на американскиот весник Форбс, 40 отсто од населението во земјава ја практикува оваа игра на среќа.

Самата егзистенција ги тера луѓето да се коцкаат.
„Самата егзистенција ги тера луѓето да се коцкаат.“
„Луѓето бараат пари, немајќи друга работа се обложуваат мислејќи дека на тој начин ќе ги решат своите проблеми.“
Некои од граѓаните велат дека се обложуваат од забава, а други признаваат дека е за да дојдат брзо до пари.
За мене обложувањето од една страна е забава, а од друга страна чисто заработувачка.
„Па зошто? За да се земе некоја паричка.“
„Од забава, не нешто заради заработка.“
„За мене обложувањето од една страна е забава, а од друга страна чисто заработувачка.“
„Чисто од интерес.“
Обложувањето најчесто го практикуваат луѓето кои немаат редовна работа и тоа е во пораст во земјите каде има голема стапка на невработеност, вели социологот Илија Ацевски.
Особено во оние системи, општества, каде што најголем дел од луѓето немаат некоја надеж дека реално ќе живеат во смисла на редовна работа.