„Среќата со пари не се купува“, ја кажува најголемата вистина нашиот Манчо од Велес, во Хајд паркот на Радио Слободна Европа, во кој неделава ве прашуваме за мислење дали Македонците стануваат коцкарска нација или, пак, на тоа ги принудува се' поголемата сиромаштија. Веројатно Манчо не бил расположен за повеќе пишување, како, на пример, другите пишувачи кои прават вистинска психоанализа на зачестената појава граѓаните да си ја пробаат среќата во спортските обложувалници, со лотарија, или во некоја коцкарница.
Весна смета дека главниот проблем е што во кладилниците се навлечени многу млади луѓе, а дека новата мода со покерот се шири како чума. Дозволете ми и јас да искоментирам, страшно е што покерот се популаризира и преку некои национални телевизии и уште пострашно, што тој се претставува како најобичен наивен спорт! Ако оваа Влада на Груевски е толку христијанска, пишува Димитар од Скопје, па се залага за семејство, пропагира трето дете, образование, забрани за пиење, пушење, а дозволува коцкарници, кладилници, па сега отворија и државна лотарија – тоа им е уште еден начин за собирање пари од луѓето, констатираДимитар.
Најрадикален, се чини, е Митко, исто така од Скопје, кој пишува: „Со оваа Влада нормално е и народот да се коцка. Груевски се коцка со буџетот на државата, а луѓето барем играат со свои пари“, заклучува Митко. Искрено и вистинито си пишува Владо од Битола, дека „ниту имам работа, ниту имам плата, па што друго ми останува освен да се занимавам со пополнување ливчиња за спортска? Да имаат луѓето обврски, ќе немаат време за седење по кладилници“, завршува Владо.
На нашата веб-страница има и неколку реакции на интервјуто на претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов, што неодамна го даде за Радио Слободна Европа. Марко од Струмица се согласува со претседателот кој е за разумен компромис со Грците за името, а Миле од Охрид смета дека Иванов го погодил вистинскиот момент сублимирано и недвосмислено да го каже нашиот став. Македонија ги исполни сите услови, (јас прашувам дали баш сите), и сега, смета Миле, на потег била ЕУ да го заврши својот дел од обврските. Тој дури смета дека Унијата треба веднаш да ја покани Македонија да ги почне преговорите за членство, макар и под привременото име кое се користи во ОН.
Инаку, на нашата анкета дали Република Северна Македонија е разумен компромис, мнозинството слушатели и посетители на веб-страницата на радиово, 65,9 отсто сметаат дека тоа не е разумен компромис, додека само 29,7 отсто одговориле дека тоа име би било разумен компромис.
Весна смета дека главниот проблем е што во кладилниците се навлечени многу млади луѓе, а дека новата мода со покерот се шири како чума. Дозволете ми и јас да искоментирам, страшно е што покерот се популаризира и преку некои национални телевизии и уште пострашно, што тој се претставува како најобичен наивен спорт! Ако оваа Влада на Груевски е толку христијанска, пишува Димитар од Скопје, па се залага за семејство, пропагира трето дете, образование, забрани за пиење, пушење, а дозволува коцкарници, кладилници, па сега отворија и државна лотарија – тоа им е уште еден начин за собирање пари од луѓето, констатира
Ниту имам работа, ниту имам плата, па што друго ми останува освен да се занимавам со пополнување ливчиња за спортска?