Иднината на Западен Балкан е во Европската унија. Ова се наведува во изјавата на претседавачот на Унијата, Шпанија, по денешниот состанок во Сараево на кој беа собрани шефовите на дипломатиите на земјите од регионот, високи претставници на Европската Унија, како и на Соединетите Држави, Русија и Турција.
Во изјавата, Европската унија ја повторува недвосимислената посветеност на европската перспектива на Западен Балкан, која, како што се додава, е клучна за стабилноста и развојот во регионот.
Главен приоритет е завршувањето на процесот на помирување на Западен Балкан, како исполнувањето на потребните востановени критериуми и услови кон члентсвото во Унијата.
„Напредокот на секоја земја ќе зависи од нејзините заслуги“, се наведува во изјавата во која се додава дека регионалната соработка придонесува кон помирувањето, доброседските односи и поволната клима за решавање на отворените билтерални прашања во европски дух.
За таа цел, како што се додава, би можела да се спроведе регионална стратегија за задравување и развојот на земјите од Запеден Балкан врз основа на главните црти на стратегијата на Унијата до 2020 година.
Исто така се оценува дека значаен чекор за решавање на заедничките прашања ќе претставува и формирање на Совет за национална соработка.
По состанокот што се одржа на иницијатива на Шпанија, која е актуелен претседавач со Унијата и на кој учествуваа 48 делегации, шефот на шпанската дипломатија Мигел Анхел Моратинос изјави:
„Ако треба да го дефинирам резултатот од конференцијата тоа се два збора: ангажираност и одговорност на сите страни, Европската унија, земјите од Западен Балкан и пошироката меѓународна заедница.“
На прес-конференцијата зборуваше и еврокомесарот за проширување Штефан Филе кој, меѓу другото изјави:
„Денешната конференција е нов момент во проширувањето и уште еднаш потврди дека кај земјите членки на Унијата нема основа за замореност од проширувањето.“
Филе прецизираше дека на состанокот се разговарало и за Македонија:
„Разговаравме и за Поранешната југословенска република Македонија и се надевам дека ќе добие зелено светло за започнување на разговорите за нејзино членство во Унијата.“
Конференцијата првично беше планирана како самит, но потоа беше трансформирана како неформален состанок, поради несогласувањето на Србија.
За да ја убеди Србија да учествува на собирот, Европската унија предложи средбата да биде организирана во согласност со таканаречениот протокол гимних, односно учесниците да бидат представувани само според името.
Официјалната политика на Белград е да не присуствува на настани на кои Косово е претставено на државно ниво, бидејќи Србија не ја признава еднострано прогласената косовска независност.
Делегацијата на Соединетите Држави ја претставуваше заменик државниот секретар Џејмс Станјберг, Русија амбасадорот во Сараево Боцан Харченко, а Турција министерот за надворешни работи Ахмет Давутоглу.

Ако треба да го дефинирам резултатот од конференцијата тоа се два збора: ангажираност и одговорност на сите страни, Европската унија, земјите од Западен Балкан и пошироката меѓународна
заедница.
По состанокот што се одржа на иницијатива на Шпанија, која е актуелен претседавач со Унијата и на кој учествуваа 48 делегации, шефот на шпанската дипломатија Мигел Анхел Моратинос изјави:
„Ако треба да го дефинирам резултатот од конференцијата тоа се два збора: ангажираност и одговорност на сите страни, Европската унија, земјите од Западен Балкан и пошироката меѓународна заедница.“
Вашиот пребарувач не подржува HTML5