Не се битни ветувањата, туку остварувањата

Премиерот Никола Груевски

Ова е коментарот на економските експерти по најавата на премиерот Груевски за огромни инвестиции во државата во инфраструктурата, енергетиката, образованието и изградба на социјални станови. Експертите додаваат дека е важно да се види структурата и реалната можност за финансирање на тие проекти, а не се да заврши во стилот на бајка.
Дел од економските експерти велат дека би било несериозно да се коментираат, како што велат, несериозни најави за огромни инвестииции што треба да влезат во државата. Да ги видиме договорите и одлуките на влада, од каде се парите и за што ќе се трошат, па тогаш ќе коментираме, велат тие. На вчерашната годишна конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, премиерот Никола Груевски вети
Да ни кажат досегашните сите Влади, кога на Влада поставиле прашање за дневен ред цела седница за макроекономската политика на Македонија и кога Собранието имало една седница посветена на економијата, тоа нешто не е во ред.
инвестиции од неколку милијарди евра во инфраструктурата, енергетиката, образованието и изградба на социјални станови.

Професор Тихомир Јовановски вели дека е побитно во што ќе влезат инвестициите, отколку колку инвестиции ќе влезат.

„Во финансии сум одамна, верувам на изјава кога ќе излезе некој и ќе каже, еве го договорот е потпишан, еве одлуката на Владата потврдена од Собрание за што ќе се трошат.“

Тој вели дека економијата е фундаментално прашање за иднината на Македонија и оти е потребна сериозна расправа за тие прашања.

„Да ни кажат досегашните сите Влади, кога на Влада поставиле прашање за дневен ред цела седница за макроекономската политика на Македонија и кога Собранието имало една седница посветена на економијата, тоа нешто не е во ред.“

Економскиот аналитичар Шенај Хаџи Мустафа вели дека не се битни ветувањата туку остварувањата.
Значи не е битно само да се спомене бројката, туку преку проекти може да се види каде навистина е реалноста на нивното остварување, значи да не биде тоа некоја бајка неостварлива.


„Имајќи го во предвид искуството од минатите години каде што она што беше ветено не беше остварено, имајќи ги во предвид капиталните инвестиции кои што беа планирани со буџетот кои не се остваруваа или пак се пренаменуваа средствата, значи е малку под сомнение да се стави овој факт колку тие навистина ќе се реализираат.“

Таа вели дека инвестициите е добро да се реализираат, но оти треба да се земе предвид и ситуацијата во светот. Треба да знаеме од каде ќе дојдат тие пари, вели таа.

„Значи не е битно само да се спомене бројката, туку преку проекти може да се види каде навистина е реалноста на нивното остварување, значи да не биде тоа некоја бајка неостварлива.“

Еден ден пред почетокот на предизборната кампања за минатогодишните претседателски избори, премиерот Никола Груевски, на прес-конференција на која присуствуваше целата влада, најави дека во наредните седум години, владата ќе обезбеди осум милијарди евра за инвестициии во делот на енергетиката, транспортот, екологијата, образованието и културата. Без да се наведе конкретна структура, беше најавено дека овие пари ќе се обезбедат од буџетот, од задолжување и најголемиот дел од концесионирање.