Безбедносната состојба во регионот се уште кревка

Косовска Митровица

Вчерашното спречување на поголем судир меѓу Србите и Албанците на Косово, покажува дека безбедносната ситуација во регионот е сеуште кревка, велат експертите. Според нив иако ситуацијата е карактеристична само за Косово и нема влијание врз Македонија, сепак потребна е претпазливост.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Протести во Митровица

Вчерашното спречување на поголем судир на Косово може да се смета за показател за тоа колку е кревка ситуацијата во регионот. Инциденти може да се очекуваат и понатаму но истовремено и одлучна реакција на меѓународната заедница, велат експертите, откако силите на НАТО употребија солзавец за да спречат поголеми насилства меѓу Србите и Албанците во етнички поделената Косовска Митровица за време на протестите против српските локални избори. Има и анализи во кои преовладуваат аргументи дека ситуацијата се заострува, но Благоја Марковски од Балканскиот Форум за безбедност смета дека состојбата не може да се преслика на регионот и е
Тоа е одраз на косовската состојба, на непомирливоста на двете спротивставени страни и тоа е резултат на ваквите состојби.
карактеристична за Косово:

„Тоа е одраз на косовската состојба, на непомирливоста на двете спротивставени страни и тоа е резултат на ваквите состојби. Од друга страна пак има присуство на меѓународните сили, решеноста на меѓународната заедница да ја смири ситуацијата вроди со плод.“

Констатациите дека регионот е стабилизиран паѓаат во вода, смета политичкиот аналитичар Мерсел Биљали. Се зависи од тоа дали овие пет шест месеци ќе се решаваат круцијалните прашања односно Србија ќе продолжи да ги финансира своите активности на Косово, вели Биљали, но проценува дека ситуацијата се заострува и оти тоа може да има одраз и во јужна Србија:
Се појавуваат разни несогласувања и разни контрадикторности пред се на политички план дури има несогласувања меѓу коалиционите партнери во самата власт, и тоа е проблем за Република
Македонија.


„Најдобра гаранција е само функционалната и одговорната политика, ако немаме таква политика тогаш не може долгорочно само со интервенции да се санира состојбата. Така што тоа може како спирала да се одрази и врз целиот регион.“

Врз натмошниот развој на ситуацијата во регионот според него влијание ќе има и начинот на кој нашата земја ќе го реши спорот околу името, но смета дека случувањата на Косово немаат влијание врз Македонија. И Благоја Марковски оценува дека случувањата на Косово не треба да биде предупредување за нас туку тамошна специфична ситуција, а го нагласува како важен етничкиот мешан состав и во таа смисла значењето на политичкиот дијалог:

„Се појавуваат разни несогласувања и разни контрадикторности пред се на политички план дури има несогласувања меѓу коалиционите партнери во самата власт, и тоа е проблем за Република Македонија.“

Косовските медиуми оценија дека со игнорирањето на изборите косовските власти означиле крај на стратегијата за интеграција на северниот дел на Косово во приштинските институции. Во северниот дел на Косовска Митровица вчера се одржаа вонредни локални избори кои српската влада ги распиша лани.