Американскиот помошник државен секретар Филип Гордон јасно порачал дека Соединетите Држави се противат на идејата за поделба на Косово, дека го признаваат за независна држава и оти очекуваат разговори меѓу Белград и Приштина за техничките прашања кои им го попречуваат нормалниот живот на граѓаните и на функционирањето на двете држави.
Претседателката на Хашкиот одбор за човекови права Соња Бисерко вели дека посетата на Гордон само го потврди она што во минатата година во Белград го изјави потпретседателот Џозеф Бајден:
„Мислам дека тоа е јасна порака и за Белград и за Приштина, бидејќи доколку дојде до преговори Белград никогаш нема да го отстапи Прешево за северот на Косово. Тоа е е еден залуден напор и симулирање дека Белград, сепак, се обидува нешто да оствари и покрај фактот дека Косово како држава е нова реалност.“
Со Бисерко се согласува и професорот Предраг Симиќ кој своевремено беше сведок на преговорите за Косово. Тој за посетата на Гордон вели:
„Таа за еден подолг период стави точка на поделбата на Косово, со тоа што во овој момент сме подалеку од можноста за српско албански-преговори отколку што бевме пред една недела.“
Српските аналитичари се согласуваат дека надежта за обновување на преговорите, Белград ја поткрепува врз фактот што пет членки на Европската унија се уште го немаат признаено Косово. Но, тоа според нив е нереална политика.
Предраг Симиќ додава дека постојат некои разлики во ставовите на Вашингтон и Брисел за Косово, но оти во овој момент овие меѓународни центри имаат побитни работи, како справувањето со економската криза и долгот на Грција.
Според него, сега треба да се дочека самитот за Западен Балкан што на втори идниот месец треба да се одржи во Сараево. На состанокот, како што е најавено, без имиња и ознаки на иста маса ќе седнат функционери од Србија и од Косово
„И веројатно со тоа завршува една многу трескавична активност во изминативе два месеца која почна со доаѓањето на шефот на француската дипломатија Бернар Кушнер во Белград со пораката дека од Србија не се очекува да ја признае независноста на Косово, туку да разговара со Приштина за технички работи.“
Затоа, според него, една од можностите за отстранување на проблемите на својата натамошна политика на Балканот, Европската унија ја гледа во најавената конференција во Сараево.

Мислам дека тоа е јасна порака и за Белград и за Приштина, бидејќи доколку дојде до преговори Белград никогаш нема да го отстапи Прешево за северот на Косово. Тоа е е еден залуден напор и симулирање дека Белград сепак се обидува нешто да оствари и покрај фактот дека Косово како држава е
нова реалност.