Пропадна проектот за еврорегионот, односно за соработка меѓу Битола, Корча и Кожани, поради недоволни финансии, но и поради заладените односи меѓу Македонија и Грција во врска со спорот со името, како и економската криза. Еврорегионот со посебен статут беше формиран пред пет години и се планираа заеднички проекти за подобро функционирање на општините.
Пропадна проектот за еврорегионот Битола-Корча-Кожани кој требаше да ги зголеми економската и другата соработка во пограничните оппштини на Македонија, Албанија и Грција. Причини се заладените односи меѓу Македонија и Грција во спорот за името и економската криза. Еврорегионот со посебен статут беше формиран пред пет години, се планираа заеднички прокети, пред се за подобро инфраструктурно поврзување на пограничните општини, но грчките општини на крај не ја потпишаа спогодбата со македонските и албанските општини. Дури и американската организација што го финансираше прокетот дигна раце и си замина. Иако во еврорегионот се полагаа големи надежи, сега битолскиот градоначалник Владимир Талески вели дека е тој во моментов е непотребен.
„Се разбира дека проблемот што го има Македонија со наметнатата визија на Грција, нормално дека се рефлектира како последица и покрај онака мачната и долготрајна транзиција во Република Македонија. Пред неколку години сите зе залагавме за развој на еврорегионот, за жал тој прокет американците веќе не го финансираат, тие фондови се испразнети. Останува Република Македонија да го изнајде патот за да се интегрира во евроспкото семејство. Значи еврорегионот практично на некој начин излегува дека е непотребен во моментов, бидејќи самите земји исполнуваат критериуми за влез во евроспкото семејство.“
Тој оценува дека соработката со градоначалниците на пограничните општини била на завидно ниво, но не можеле да се спротивстават на националната политика на јужниот сосед.
„Од моја страна е истакната одличната соработка со многу градоначалници и префекти во соседството. Во нашата комуникација немаме никаков проблем. Од првиот ден до денес со нив соработуваме одлично. Но, кога треба да се донесат одлуки кои се однесуваат на највисоко државно ниво, тука веќе има проблем, градоначалниците и префектите тука се немоќни бидејќи се работи за одлука на Владата на Република Грција.“
Се разбира дека проблемот што го има Македонија со наметнатата визија на Грција, нормално дека се рефлектира како последица и покрај онака мачната и долготрајна транзиција во Република Македонија. Пред неколку години сите зе залагавме за развој на еврорегионот, за жал тој прокет американците веќе не го финансираат.