Достапни линкови

Младинска регионална соработка


Куманово
Куманово

Група од 16-ина млади луѓе од Македонија, Србија, Холандија, Полска, Германија и Косово во организација на Центарот за меѓукултурен дијалог од Куманово во тридневен студиски престој работеа на реализирање на проектот „Живеејќи заедно, работејќи заедно“.

Група од 16-ина млади луѓе од Македонија, Србија, Холандија, Полска, Германија и Косово во организација на Центарот за меѓукултурен дијалог од Куманово во тридневен студиски престој работеа на реализирање на проектот „Живеејќи заедно, работејќи заедно“. Тие посетиле и воспоставиле контакт со младински невладини организации во овој град во североисточна Македонија, а главната цел им е воспоставување младинска меѓугранична соработка помеѓу младите од Македонија, Србија и Косово. Ивана Додевска вели дека:
Тоа се млади луѓе кои го испитуваат регионот, разговараа со млади од невладините организации за развивање проекти за меѓугранична соработка


,,Целта е да го испитаме регионот на северисточна Македонија, Куманово, јужна Србија и Косово.Овој проект е организиран од шест земји, Македонија, Србија, Косово, Холандија, Полска и Германија.Тоа се млади луѓе кои го испитуваат регионот, разговараа со млади од невладините организации за развивање проекти за меѓугранична соработка."

Мени Вајс од Холандија е координатор на проектот.Тој од оваа средба очекува да произлезат многу нови идеи.

,,Имаме проект за меѓугранична корпорација. Целта е меѓугранична соработка. Задоволни сме од досегашната програма и се надевам дека ќе имаме и нови проекти и идеи."

Смета учесник од Македонија, а неговата пријателка од Германија вели:
Целта е меѓугранична соработка. Задоволни сме од досегашната програма и се надевам дека ќе имаме и нови проекти и идеи


,,Имам одлично икуство, запознав многу луѓе од регионот, го запознав нивниот менталитет и сметам дека ќе направам доволно проекти во иднина. Многу ми се допаѓа Куманово, моментно сум на подолг престој во Врање, но се надевам дека ќе имам прилика пак да го посетам Куманово."

Младите од Центарот за меѓународна соработка се во постојан контакт, другаруваат, се консултираат и од времето минато заедно се стекнуваат со нови искуства. Се чини најголеми се оние за воспоставување меѓукултурен дијалог. До сега реализираа повеќе проекти од културно-забавен живот за младите,концерти,изложби, кои во Куманово беа масовно посетени,подржани и поздравени и од возрасните.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG