Претседателот на Државната изборна комисија Александар Новаковски и амбасадарот на ОБСЕ Хозе Луис Хереро по заедничката средба изјавија дека засега нема информации за евентуални предвремени избори. Амбасадорот Хереро имаше средба и со претседателот Ѓорге Иванов на која се размениле мислења за внатрешно-политичките случувања изминатиов период.
Нема информации дека во скоро време ќе има предвремени избори, вели претседателот на ДИК Александар Новаковски, по средбата со амбасадорот на ОБСЕ во Македонија Хозе Луис Хереро.
„Активностите околу избирачкиот список, трансферот на вработените и другите надлежности не даваат за право да помислам дека ќеима предвремени избори за брзо време. Ние како ДИК работиме било какви избори да ги дочекаме подготвено, а агендата која ни е поставена е поставена дека ќе нема.“
И Новаковски и Хереро велат дека тоа прашање не е во нивна надлежност и оти за евентуални предвремени избори одлучува Собранието.
Новаковски информира дека интензивно се работи на прочистување на избирачкиот список и оти очекува, надлежностите за ажурирање на списокот, до почетокот на јуни, да се пренесат на ДИК. Новаковски и Хереро денеска разговараа за досегашната и идната соработка меѓу ДИК и ОБСЕ, а амбасадорот Хереро официјално му ја предаде на Новаковски техничката помош наменета за потребите на Комисијата.
Новаковски информира дека разговарале и за активностите што ги води Секретаријатот за европски прашања во однос на предлог-измените на изборното законодавство согласно препораките на ОБСЕ/ОДИХР од 2009 година, како и за појаснување на некои одредби што создаваат забуна кај изборните органи.
„И секако донесување на некои нови закони кои не се однесуваат само на изборите, но сепак мислиме дека една држава треба да ги има, атоа е посебно за законот за заплашување на администрацијата што беше една од забелешките во текот на извештајот на ОБСЕ и ОДИХР.“
Амбасадорот Хереро оцени дека е направен напредок од минатите избори за што и оддаде признание на владата и оцени дека тоа покажува дека владата има интерес да ги подобри изборните процеси во државата.
„Важен напредок беше направен во полињата на подобрување на изборниот законик, во полето на подобрување на избирачкиот список, изборната администрација и во изнаоѓање решенија за проблемот со заплашување.“
Претходно, амбасадорот Хереро се сретна и со претседателот Ѓорге Иванов. Од кабинетот на претседателот Иванов информираат дека на средбата биле разменети мислења и информации во однос на внатрешно политичките актуелности од изминатиот период.
„Беше констатирано дека активностите на Мисијата на ОБСЕ се одвиваат во сосема променети околности денес во однос на периодот на отворањето на мисијата, и беа разменети мислења и информации за идните ангажмани на ОБСЕ“, информираат во кабинетот на Претседателот Иванов.
„Активностите околу избирачкиот список, трансферот на вработените и другите надлежности не даваат за право да помислам дека ќе
Активностите околу избирачкиот список, трансферот на вработените и другите надлежности не даваат за право да помислам дека ќе има предвремени избори за брзо време.
И Новаковски и Хереро велат дека тоа прашање не е во нивна надлежност и оти за евентуални предвремени избори одлучува Собранието.
Новаковски информира дека интензивно се работи на прочистување на избирачкиот список и оти очекува, надлежностите за ажурирање на списокот, до почетокот на јуни, да се пренесат на ДИК. Новаковски и Хереро денеска разговараа за досегашната и идната соработка меѓу ДИК и ОБСЕ, а амбасадорот Хереро официјално му ја предаде на Новаковски техничката помош наменета за потребите на Комисијата.
Новаковски информира дека разговарале и за активностите што ги води Секретаријатот за европски прашања во однос на предлог-измените на изборното законодавство согласно препораките на ОБСЕ/ОДИХР од 2009 година, како и за појаснување на некои одредби што создаваат забуна кај изборните органи.
„И секако донесување на некои нови закони кои не се однесуваат само на изборите, но сепак мислиме дека една држава треба да ги има, а
Важен напредок беше направен во полињата на подобрување на изборниот законик, во полето на подобрување на избирачкиот список, изборната администрација и во изнаоѓање решенија за проблемот со заплашување.