Шпанското претседавање со ЕУ се ближи кон крајот. Во меѓувреме, во очекување на состанокот на Советот на министри кога уште еднаш треба да се отвори прашањето за доделување на датум за преговори за Македонија, нема никакви сигнали за евентуално решение на спорот со името, што според експертите најавува можност дека јунскиот рок би можел да биде заменет со нов.
Во очекување на последниот состанок на Советот на министрите во текот на шпанското претседателство и со Унијата кога според заклучоците од претходниот треба да биде уште еднаш отворено прашањето за доделување датум за преговори, нема никакви назнаки дека сме блиску до решение на спорот за името без кое ваквиот исход е невозможен. Шефот на државата, Ѓорге Иванов во интервју за Радио Слободна Европа рече дека се настојува да се дојде до взаемно прифатливо решение преку процесот што го води медијаторот Нимиц, но дека Македонија не може да прифати решенија коишто како што вели ги пласира Грција како взаемно прифатливи. Што се однесува до јунскиот рок најверојатно ќе биде заменет со нов или тоа е дел од најдобрите надежи од наша страна шансата да се префрли за текот на белгиското претседавање со Унијата. Тоа е можеби и најдобриот можен исход од јунскиот самит со оглед на тоа дека се понагласените внатрeшни проблеми со коишто се соочува Европа на економски план, може лесно да го потисне прашањето многу подолу на нејзината агенда.
„Со јунскиот рок може да очекуваме дека тоа прашање ќе станува се билатерално и внатрешно прашање. Ќе има политичко поткусурување, отколку што ќе има некаков напредок во целиот тој процес, а можеме се помалку и помалку да очекуваме дека луѓето нашето прашање ќе го држават на врвот на нивните агенди“, вели аналитичарот Алберт Муслиу.
Од друга страна, состојбата е јасна, решавањето на прашањето за името единсвената пречка и евентуалниот позитивен резултат дури и автоматски би го сменил текот на работите, коментира политикологотВладимир Божиновски. Затоа, според него, попусто е очекувањето и одминувањето на роковите додека на домашен терен не се обединат политичките субјекти околу конечен став за решавањето на прашањето за името како и јасното разграничување на позициите, дали сме подготвени на решенијата коишто се нудат или сме подготвени и понатаму да чекаме.
„Или сме подготвени и по цена на некои временско условно кажано одолговлекување, односно одложување на тоа решение, сепак да извлечеме некаква подобра позиција во спорот со името.“
Во неможност да ги приближат позициите кон решавање на спорот за името и продолжување на европската перспектива на земјата, она што дел од аналитичарите го сметаат за неизбежно е партиите да се обидат уште еднаш да си ги одмерат силите пред гласачите особено партиите од власта, коишто како што вели Муслиу би се обиделе да го спречат неизбежниот пад предизвикан од продлабочениот јаз со соседна Грција.
Со јунскиот рок може да очекуваме дека тоа прашање ќе станува се билатерално и внатрешно прашање. Ќе има политичко поткусурување, отколку што ќе има некаков напредок во целиот тој процес.
„Со јунскиот рок може да очекуваме дека тоа прашање ќе станува се билатерално и внатрешно прашање. Ќе има политичко поткусурување, отколку што ќе има некаков напредок во целиот тој процес, а можеме се помалку и помалку да очекуваме дека луѓето нашето прашање ќе го држават на врвот на нивните агенди“, вели аналитичарот Алберт Муслиу.
Од друга страна, состојбата е јасна, решавањето на прашањето за името единсвената пречка и евентуалниот позитивен резултат дури и автоматски би го сменил текот на работите, коментира политикологот
Или сме подготвени и по цена на некои временско условно кажано одолговлекување, односно одложување на тоа решение, сепак да извлечеме некаква подобра позиција во спорот со името.