Достапни линкови

Доста со византиски игри за „името“


Жак Рупник
Жак Рупник

Се надевам дека грчкото раководство ќе се откаже од византиските расправи околу името Македонија и во време на оваа криза ќе покаже поголема флексибилност. Ова за Радио Слободна Европа го изјави Жак Рупник, политиколог од Институтот за политички студии во Париз. Тој смета дека грчката должничка криза ќе го забави проширувањето на ЕУ.

Според политикологот од Институтот за политички студии од Париз Жак Рупник, многумина во ЕУ поради актуелната грчка должничка криза ќе речат дека не им требаат 5 или 6 нови Грции од Балканот. Тоа не е фер и политички мудро, вели Рупник, но тоа е реалност. Исто така на Грција се гледаше како на земја која може да помогне во процесот на приближувањето на Балканот кон
Европската Унија, а Атина пак на дело го покажа спротивното.



„Грција го блокираше влезот на Македонија во НАТО поради спорот околу нејзиното име. Значи, Грција не само што ја подри
Се надевам дека во оваа ситуација, во оваа криза, ако ништо друго, оти грчкото раководство ќе покаже поголема флексибилност и ќе се одрекне од византиските расправа околу името Македонија.
довербата во целиот регион на Балканот, туку и конкретно има спор со една од земјите кандидати од тој простор. Се надевам дека во оваа ситуација, во оваа криза, ако ништо друго, оти грчкото раководство ќе покаже поголема флексибилност и ќе се одрекне од византиските расправа околу името Македонија“, изјави Рупник во интервјуто за Слободна Европа што го водеше Драган Штављанин.




Тој вели дека ЕУ мора да има регионален пристап, што би значело политичко членство за земјите од Западен Балкан додека нивната целосна интеграција во Унијата би зависела од исполнувањето на стандардите. Во спротивно, Рупник предупредува дека вечните спорни прашања во регионот би можеле да имаат непредвидливи последици. Тој смета дека економска криза во Грција ке има одраз врз европската интеграција на Западен Балкан.

За да се шири ЕУ треба да е силна
Жак Рупник

„Постојат две работи. Најпрвин за да се шири натаму, ЕУ мора да биде кохерентна и силна. Но ако е внатрешно слаба, разединета и се бори за опстанок на еврото, тогаш секако дека не е во состојба да се концентрира на ширењето што би требало да биде еден од нејзините приоритети.“

Грчката криза, од друга страна, би можела да ги обесхрабри проевропските сили на Западен Балкан, но политикологот од Инститот за политички студии во Париз Жак Рупник не смета дека тоа ќе се случи бидејки тогаш алтернативата на влезот во ЕУ би им одела во прилог на националистите и авторитарните режими.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG