Случајот Тарчуловски, чија што жалба вчера беше одбиена од страна на Хашкиот Трибунал, може негативно да се одрази врз решавањето на отворените прашања меѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ, сметаат дел од политичарите. ДУИ јавно побара во рамки на владината коалиција да бидат решени прашањата со статусот на борците на ОНА, случајот Сопот и Хашките случаи.
Иако атмосферата меѓу коалициските партнери околу отворените прашања - решавање на статусот на борците на ОНА, случајот Сопот и Хашките случаи доби омекнувачки тон, одбиената жалба на Тарчуловски во Хашкиот суд, како да ја менува состојбата. Нема коментар од владината ВМРО-ДПМНЕ дали остануваат на искажаната, од страна на премиерот, подготвеност да се разговара за сите отворени прашања или работата се враќа на старите позиции, прашањата ќе се затворат во рамките на постојните закони и тие не се дел од коалицискиот договор. Партиски став за кој сега се определува коалициската ДУИ е „не ја коментираме одлуката за Тарчуловски“. Ваков став заземаат и другите партии од албанскиот блок коишто исто така стојат зад наведените барања до владата. Двете страни во моментов тактизират и се обидуваат да го намалат интензитететот на внимението кон одлуката на Хашкиот суд, коментира аналитичарот Хисен Рамадани.
„Додека од една страна не се проценат состојбите, колкави се можностите на ВМРО-ДПМНЕ за условно речено да ги преброди тие прашања, а другата страна ќе се обиде исто така да не провоцира.“
Владо Бучковски од СДСМ вели дека е очигледно оти одлуката на Хашкиот суд ќе се одрази негативно врз решавањето на отворените прашања во коалицијата.
„Чувството, горчината дека за конфликтот од 2001 година во овој момент само едната страна, македонската страна има вина, преку пресудата за Јохан Тарчуловски, сметам дека дополнително ќе ги ископлицира било каквите изгледи меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за изнаоѓање на решение пред се за Хашките случаи.“
Од политичката волја и од односите во самата колаиција ќе зависи колку одлуката за Тарчуловски донесена во Хаг ќе влијае врз решавањето на прашањата коишто во моментов се камен на сопнување во владинатаколација, додава пратеничката од ЛДП Роза Топузова Каровска.
„Доколку е се во ред во функционирањето на владината коалција и доколку се има воља за меѓусебно да ги решаваат прашања коишто си ги поставуваат пред себе, тогаш сметам дека не би требало одлуката да има некое позначително влијание врз понатамошното договарање.“
Во крајна линија, според Рамадани , очигледно е во овој момент дека одредени чекори ќе мора да бидат преземени во насока на хармонизирање на политичката состојба а особено на меѓуетничките односи.
„Некои чекори ќе мора да се преземат, кои ќе водат кон тоа дека Владата не оди кон тоа, како што сите велат, кон едно заострување на меѓуетничките односи.“
Чувството, горчината дека за конфликтот од 2001 година во овој момент само едната страна, македонската страна има вина, преку пресудата за Јохан Тарчуловски сметам дека дополнително ќе ги ископлицира било каквите изгледи меѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ за изнаоѓање на решение пред се за Хашките случаи.
„Додека од една страна не се проценат состојбите, колкави се можностите на ВМРО-ДПМНЕ за условно речено да ги преброди тие прашања, а другата страна ќе се обиде исто така да не провоцира.“
Владо Бучковски од СДСМ вели дека е очигледно оти одлуката на Хашкиот суд ќе се одрази негативно врз решавањето на отворените прашања во коалицијата.
„Чувството, горчината дека за конфликтот од 2001 година во овој момент само едната страна, македонската страна има вина, преку пресудата за Јохан Тарчуловски, сметам дека дополнително ќе ги ископлицира било каквите изгледи меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за изнаоѓање на решение пред се за Хашките случаи.“
Од политичката волја и од односите во самата колаиција ќе зависи колку одлуката за Тарчуловски донесена во Хаг ќе влијае врз решавањето на прашањата коишто во моментов се камен на сопнување во владината
Некои чекори ќе мора да се преземат, кои ќе водат кон тоа дека Владата не оди кон тоа, како што сите велат, кон едно заострување на меѓуетничките
односи.