„Одлуката на Хашкиот суд е срамна“, објавува на насловната Вечер, цитирајќи го главниот адвокат на тимот, Нејтан Дершовиц, кој смета дека Трибуналот судел врз основа на лажни впечатоци.
„Молк и револт по одлуката на Трибуналот“, насловува Утрински, јавувајќи дека ниту една политичка партија не сакала да ја коментира одлуката, но го поставува и прашањето како таа ќе се одрази врз релациите меѓу политичките субјекти и врз соживотот.
Средбата помеѓу лидерот на СДСМ, Црвенковски и првиот човек на ДУИ Ахмети, ја забележаа сите медиуми. Утрински со наслов дека „Ахмети го стега обрачот околу Груевски“ и дека премиерот треба да ја сфати средбата како силна порака до него, а Дневник дека „Црвенковски и Ахмети ја префрлија топката кај Груевски“. Нова Македонија смета дека „Црвенковски и Ахмети се кандисуваат против Груевски“, забележувајќи дека, додека лидерот на ДУИ тврди дека не е време за предвремени избори, негови блиски соработници му откажуваат поддршка на Кабинетот на Груевски. Од друга страна, пак, Вечер го цитира Ахмети кој по средбата изјави дека не се потребни избори и дека ДУИ останува во Владата.
Дневник, Утрински и Време јавуваат дека „Меѓународната федерација на новинари ги обвинува македонските власти за ’скандалозна немарност’, за безбедноста на македонските новинари, со толерирањето на говорот на омраза, откако водителот Миленко Неделковски во една ТВ емисија се закани дека следи ликвидација на сите новинари кои не се негови иистомисленици на Груевски и на неговата партија. А1 ТВ јави дека ова писмо од меѓународната новинарска федерација ќе биде испратено до сите европски институции и дека најверојатно ќе влијае на извештајот за Македонија што Европската Комисија го подготвува за есенва. Овие медиуми ја објавуваат и острата забелешка на Здружението на новинари на Македонија, дека Советот за радиодифузија многу благо реагирал на говорот на омраза низ македонските медиуми и барањето до Јавниот обвинител да ги санкционира оние кои безобзирно ги рушат основите на демократијата во земјава.
Не сите медиуми објавуваат мислења на економски експерти дека е крајно време Владата да направи ребаланс на буџетот, откако таа го стопира емитувањето на третата еврообврзница на неодредено време. „Владата се најде во тесно, парите од втората еврообврзница речиси се потрошени, опасно е уште да се задолжува на домашниот пазар, а капиталните расходи не може драстично да ги скуси бидејќи економијата ќе ја врати во рецесија“, пишува Дневник.
Речиси сите медиуми забележаа дека Уставен поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на одлуката за изменување на урбанистичкиот план Мал ринг на општина Центар, врз основа на кој е почнат и проектот „Скопје 2014“.
„Молк и револт по одлуката на Трибуналот“, насловува Утрински, јавувајќи дека ниту една политичка партија не сакала да ја коментира одлуката, но го поставува и прашањето како таа ќе се одрази врз релациите меѓу политичките субјекти и врз соживотот.
Средбата помеѓу лидерот на СДСМ, Црвенковски и првиот човек на ДУИ Ахмети, ја забележаа сите медиуми. Утрински со наслов дека „Ахмети го стега обрачот околу Груевски“ и дека премиерот треба да ја сфати средбата како силна порака до него, а Дневник дека „Црвенковски и Ахмети ја префрлија топката кај Груевски“. Нова Македонија смета дека „Црвенковски и Ахмети се кандисуваат против Груевски“, забележувајќи дека, додека лидерот на ДУИ тврди дека не е време за предвремени избори, негови блиски соработници му откажуваат поддршка на Кабинетот на Груевски. Од друга страна, пак, Вечер го цитира Ахмети кој по средбата изјави дека не се потребни избори и дека ДУИ останува во Владата.
Дневник, Утрински и Време јавуваат дека „Меѓународната федерација на новинари ги обвинува македонските власти за ’скандалозна немарност’, за безбедноста на македонските новинари, со толерирањето на говорот на омраза, откако водителот Миленко Неделковски во една ТВ емисија се закани дека следи ликвидација на сите новинари кои не се негови и
Владата се најде во тесно, парите од втората еврообврзница речиси се потрошени, опасно е уште да се задолжува на домашниот пазар, а капиталните расходи не може драстично да ги скуси бидејќи економијата ќе ја врати во рецесија.